Наука

Вируси, мамци и други тракатанци

Идејата е тотално нетипична а звучи возбудливо: со помош на мамци да се прелаже коронавирусот и да му се одвлече вниманието од неговата главна цел,  да стигне во белите дробови.

Американски научници летаат од работа заради врски со Кина

54 американски научници дале отказ или биле отпуштени од работа по масовната истрага во Националниот институт за здравство затоа што не ги пријавиле своите финансиски аранжмани со странски влади. Кај 93% од овие случаи, се работи за тајно финансирање од кинеска институција.

Носот е главна порта за вирусот, после 8-от ден не сме заразни

Сериозниот магазин Nature минал низ најновата научна лиртература поврзнаа со истражувања на коронавирусот и направил дајџест на последните сознанија. Па да видиме до кај сме.

Не им верувајте слепо на политичари, ни кога во наука ви се колнат

На политичарите кои се на позиција да носат одлуки во врска со актуелната пандемија најсигурно им еда се претставуваат како обични извршители на научните препораки. А не е така. 

Профил на убиецoт: сложената биологија која ја напојува пандемијата на коронавирусот

Научниците ја составуваат сликата за тоа како функционира SARS-CoV-2, од каде дојде и што е можно да прави следно – но останува жешкото прашање за потеклото на COVID-19.

Говното (пак) ќе биде шеф

Со помош на најдобриот пријател на човечкиот нос, казанчето, милиони луѓе секојдневно го исфрлаат вишокот од својот ценет организам во аналогните одводи на човечката цивилизација (дигиталните се викаат социјални мрежи). Меѓутоа, топтан со тоа јабана одат драгоцени информации за денес најголемиот глобален непријател на човекот - коронавирусот.  Поглед одблиску во тој вишок (хмм) би можел да ни каже до каде сме и дали и кога опасноста поминала.

Професор Јоанидис: Многу, многу повеќе млади извршуваат самоубиство отколку што умираат од ковид-19

Професорот од Стенфорд почувствува како е да ти се наврти менталитетот на толпата која преторијански ги штити доминантните уверувања на времето во кое се живее. Џабе што е научник, џабе што се повикува на податоци и факти. Ама па никој не може да те присили да се откажеш од податоците и фактите. Јоанидис со леснотија се држи до нив.

Не, вирусот не е протечен од лабораторија

Иако цело време тлееше, теоријата дека ковид-19 (сакајќи или не сакајќи) е излезен од лабораторија доби сериозна тежина откако стана една од алатките за поткусурување меѓу администрацијата на Трамп и Кина. Американски научници што немаат што да поткусуруваат се на сосема спротивната страна од оваа теорија.

Ко писне, корона стисне - сега!

За среќа, контра-науката се има собрано таков живописен џган што се чувствуваме природно имунизирани да бидеме инфицирани од нив. Ама па и другиве се за чудење. Ем глобалново срање ги начека со прстот во уста, ем отпосле ќе најдат безброј детали за да те излудат. По најново, спокојното зборување е опасно за пренесување вирус. Оукеј, само ќе дигаме веѓи и ќе си фрламе ишарети.

Извинете, ама, ќе се избезумите

„Знаете дека сте стигнале до навистина интересно прашање кога никој на него не сака да одговори,“ цитира статијата од која ние двапати се избезумивме, прво кога ги читавме уверливо сложените наводи околу контроверзното потекло на вирусот и вторпат, кога ги пишувавме. А прашањето е едноставно: како сте сигурни дека коронавирусот е природен?

Вирусот мутира, ама, тоа му е работа

Оние што одблиску го познаваат и го посматраат, велат дека коронавирусот во извесна мерка веќе го има променето својот генетски изглед. Дали тоа значи дека станува поопасен за луѓето и што тоа негово менување значи за ефикасноста на идната вакцина?

За мозочињата одгледани во (непартиски) лаборатории

Неодамна беа објавени резултати за мозочиња (органоиди составени од мозочни клетки) одгледувани во лабораторија. Некои од нив произведуваат мозочни бранови, а некои реагираат на светлина. Авторот, професор по когнитивна невронаука, се прашува каде води сето ова?

„Неталасањето“ е заштитено како бела мечка

Научничката која го раскринка митот за изумирањето на поларните мечки остана без работа. После 15 години предавање, нејзиниот универзитет решил да не ѝ го продолжи договорот.

Науката не мирува: Зошто не постојат троножни животни?

Дилемата се појавува по еден час по еволуција на Универзитетот Калифорнија, Дејвис, кога професорот бара од студентите да смислат „забранет фенотип“, животно или растение кое не постои или не може да постои.

Забен гел за „ораси да крца“

Кинески научници создале гел со помош на кој забите сами се обновуваат. Направен е од природните градива на забната глеѓ и го поттикнува забот самиот да се пополни без да му треба пломба. Засега резултатите се доста тенки но битно, системот функционира. 

По малку сме Неандерталци, знаете?

Во човечкиот ДНК софтвер има мал но битен дел од неандерталското наследство. Околу 2% од гените на Европјани потекнуваат од таа линија и тоа влијае на многу работи: од нивото на холестерол па до навиките за спиење.

Коса во неограничени количини!

Бидејќи сегашните трансплантации се сведуваат нa претурање од шупливо во празно, решението е да се генерира нова коса од самиот пациент, во што помагаат матични клетки и 3Д печатење.

Мозокот ги надмозга научниците и парите

Пред десет години, научник најави дека за една децнија ќе може да направи комплетна симулација на човечкиот мозок. Да беше лесно, лесно ќе беше. Европската комисија се испрси со 1,4 милијарди евра, но проектот кој ветуваше неверојатен напредок во неуро-науката, испадна токму таков. Неверојатен.

И утре да се оправиме, уште долго ќе бидеме пореметени

Една теза што пред пар децении ќе беше исмевана денес добива сè поуверлива евиденција. Се работи за тоа дека емотивните трауми на една генерација може да бидат пренесени на нејзините поколенија. Затоа таков е насловот.

50 години по спуштањето на Месечината: зошто теориите за заговор никако да умрат

Верувањето дека е лажирана програмата на месечината е едно од првите големи „лажни вести“. Зошто сигурно ќе ги има уште многу.

Што знае бебе што е вселена

Холандски старт-ап ја прекина својата работа откако нагло воочи дека нивниот главен производ, породување во вселената, има сериозни „етички, безбедносни и медицински проблеми“.

Можат да ставаат податоци во молекулите кои ни го движат метаболизмот

Истражувачи соопштија дека успеале да вметнат дигитални податоци (фотографии од 6.142 пиксела) во раствори кои ги имаме во организмот и дека и молекули кои не се ДНК можат да послужат како хард-дискови. Драгичката е во тоа кој е спонзор на истражувањето.

Дали и спанаќот ќе стане допинг супстанца?

Најновата препорака на германските научници е во листата забранети супстанци за спортисти да се додаде - екдистерон, состојка со карактеристики на стероид која може да се најде во спанаќ.

За враќање на Месечината фалат 20 до 30 милијарди долари

Ова се парите, плус стандардниот годишен буџет, што би биле потребни ако сакаме пак да видиме човек на Месечината во организација на НАСА.