Во морето фејкерски идеи за заштита на планетава (гушкања дрвја и слични „активизми“), постојат и капа долу обиди да се адресираат вистинските проблеми кои ги произведува конзумеристичкото општество. Вишокот храна е еден од нив. Запомнете: леб не се фрла, леб се пие.
Сè започна со пастрмалијата во која нема пастрма и растителниот кашкавал кој не е кашкавал, а работите не одат на добро. Европскиот парламент ја одби иницијативата на месарите да знаеме што јадеме.
Веста гласи дека жени кои пијат кравјо млеко имаат 80% поголеми шанси да добијат рак на гради. Ништо од тој ризик нема доколку се пие млеко од соја. И доколку ова второво го викаме млеко.
Иако велат дека тоа го правеле со најдобра намера и за доброто на својт земја, сопствениците на еден ресторан во Кина мораше да им се извинат на муштериите, што ги мереле на вага пред да седнат да јадат.
Дали некоја конкретна храна е здрава за човек веројатно зависи од неговиот генетски профил и нема врска со неговата политичка ориентација. Ама затоа прашањето колку таа храна човек ќе ја перцепира како здрава зависи од тоа дали начинот на кој му се рекламира е во согласност со неговите политички погледи.
Од Белгијците е побарано да јадат плус една порција помфрит неделно за време на коронавирусот, не за да ја спасат нацијата од вирусот, туку за да го спасат компирот од вирусот.
Во веројатно најпогрешниот период од постоењето на ЕУ (и не, нема правилен), Унијата одлучи дека сега е правиот момент кога треба да дозволи инсектите да бидат дел од човечката исхрана.
Еден од начините да ги збогатиш и нагласиш вкусовите на некое јадење е да му ставиш некаква животинска маст (млеко, сало, лој, путер...). За тие што одлучиле да се лишат од овие благодати на природата, алтернативата е - сол, и тоа многу.
Иднината на јаболкото се вика космик крисп, јаболко со супериорно CV кое е наштимано на сите детали, дури и на тоа каков звук дава кога ќе се гризне. Како такво, лесно ќе ги победи инфериорните сорти на пазарот и кога ќе стане монополист, ќе се појави некоја болештина и ќе го уништи. Што тогаш ќе гриземе?
Во најновото поглавје на темата „веганите го запознаваат светот“, веганите откриваат што точно значи тоа што нивните зеленчуци (и останати растенија) се одгледувани со природно ѓубриво. И секако дека тоа им пречи.
Видео рецепт за мисирка полнета со пита кашкавал и прекирена со Читос чипс, е инспирацијата за новинарот на Би-би-си малку подлабоко да навлезе во светот на „фуд-порн“.
Познатиот ланец за брз храна Сабвеј однесе на суд медиум со барање за отштета од 210 милиони долари поради тврдењето дека половина од нивното пилешко не е пилешко. Случајот го изгубија откако успеаја да докажат само дека половина од нивното пилешко е пилешко.
Нормално дека не ви текнало да побарате питома, не па дива, ама тоа што нема брокула што расте во дивина е дополнителен аргумент против херпесот меѓу зеленчуците - сите брокули се ГМО (ако гледате на такви работи).
Производителите на оцет од Модена немаат ексклузивно право на терминот „балсамико“ и повеќе нема да можат да се тужакаат со конкуренти низ Европа што го користат овој назив.
Иако месо одгледано во лабораторија не е месо, тоа сепак не е толку „не месо“ како што на пример краставица не е месо, а со целиот ќар од не месо трендот доаѓаат и некои други проблеми.
Тестирале околу 170 производи од четири категории бебешка храна. Во 95% од нив нашле тешки метали, најмногу олово. Заради изложеност на овие неуротоксини од храната, новите генерации масовно губат IQ поени, загуба која на национално ниво се изразува во милиони.
Угледен француски готвач ги тужи Мишелин бидејќи смета дека неправедно му е одземена една ѕвезда. Тврди дека му се паднал недоветен рецензент на неговата храна кој помислил дека користи англиски кашкавал за француски специјалитет. А нема врска.
Како што горештините тлеат, а летото не минува, во Шпанија на површина почнуваат да излегуваат некои од најдлабоките линии на поделба на нацијата - краставица во гаспачо, да или не?