Слободно продолжете да не јадете месо, ама тоа не ја спасува планетава

Логиката е дека сточарството има значителен удел во загадувањето на Земјата, па заради тоа и порцијата кременадли пред тебе доаѓа со значителен еколошки товар, е па, не е баш така.

Пет научници на тема стока од Кенија и Германија, тврдат дека исхраната без месо неточно го израмнува консумирањето месо со еколошка штета, и исто така претставува фактички неточен стандард во најголемиот дел од светот, каде стоката игра критична и позитивна улога во екологијата, економијата и здравјето.

„Производството на месо само по себе не е проблемот. Како и секоја храна што е масовно произведувана, интензивирана и комерцијализирана, нејзиното влијание врз нашата средина е мултиплицирана.

Елиминирањето на месото од нашата исхрана нема да го реши тој проблем. Додека залагањето за исхрана со што е можно помалку месо има логика во индустријализираните системи, тоа не е решение за секаде и не важи надвор од нив,“ се наведува во текстот објавен во ЕРЛ (Environmental Research Letters) од петте научници.

Ако се излезе малку од претставата за одгледување стока која се базира на индустрискиот модел што доминира во САД и Европа, реалноста е дека одгледувањето стока и житарки (или друга култура) се поврзани една со друга и се надополнуваат „па можат да бидат еколошки одржливи“.

„Во суб-сахарска Африка, изметот од говеда служи како ѓубриво за добивање поздрава почва и зголемен принос на културите; додека во Европа огромните количества измет од стока кои се добиваат од индустриското одгледување стока претерано ги наѓубруваат земјоделските површини и предизвикуваат еколошки проблеми,“ пишува во текстот.

Една од слабостите на глобалната борба против загадувањето е што најголемиот дел од истражувањата се фокусирани на Западот, и покрај тоа што Африка е домот на 20 до 32% од говедата, овците и козите.

18 декември 2020 - 16:30