Дел Торо е најдобар режисер и го има најдобриот филм (The Shape of Water), Гери Олдман, непрепознатлив како Винстoн Черчил, е победник кај машките улоги, одличната Френсис МекДорманд зема Оскар за најдобра женска улога, за најдобри споредни ролји прогласени оние на Сем Роквел (цајканот во Три билборди) и Алисон Џени (мајката на Тоња Хардинг). Годинава немаше фрка со пликовите. Водеше Џими Кимел кој рече дека статуетката е пример каков маж му треба на Хoливуд: да ги држи рацете онаму кај што се гледаат и да нема пенис.