Со вакви бројки последниот Авенџерс за сега е на второ место по вкупна заработувачка. Прв се уште се држи Аватар.
За споредба, на Аватар му беа потребни 47 дена во кино за да ја пројде границата од 2 милијарди долари.
„Завршница“ на Авенџерс во САД и Канада заработи 619 милиони долари, а околу 1,5 милијарда доаѓаат од кино-благајните низ светот од кои 576 се од Кина.
За да го мине Аватар како глобален рекордер, Авенџерс треба да направи повеќе од 2,79 милијарди долари, додека за да го мине рекордерот во САД и Канада, „Ѕвездени војни: Силата се буди“, границата е 936 милиони долари.
Според сервисот за продажба на влезници, Фанданго, последниот Авенџерс има 85% поголема стапка на репризни гледања во кино во споредба со неговиот претходник „Авенџерс: Војна на бесконечноста“.