Точно вака изгледа дневната рутина на Марк Волберг:
2:30 Станување
2:45 Молитва
3:15 Појадок
3:40- 5:15 Теретана
5:30 Пост-теретански оброк
6:00 Туширање
7:30 Голф
8:00 Ужина
9:30 Ревитализација во крио-комора
10:30 Ужина
11:00 Семејство/ состаноци/ деловни повици
13:00 Ручек
14:00 Состаноци/ деловни повици
15:00 Земање деца од школо
15:30 Ужина (аман!)
16:00 Вторпат теретана
17:00 Туширање
17:30 Вечера/дружење со семејството
19:30 Спиење
И да не се чудите, така вообичаено денес изгледа секојдневието на глумата. Ако некогаш глумењето беше брусење на своите трансформативни вештини, влегувања во лик, карактерни нијансирања, Станиславски и други курци-палци, за Волберг и тој жанр глумци, да се биде глумец првенствено значи да се одржува физичка спремност за новите „креативни предизвици“.
„Наместо како глумец, можеби треба Марк да го гледаме како машина од чија функционалност зависи една мала заедница. Или можеби треба да го гледаме како корпорација од чии стомачни мускули директно зависат кварталните извештаи за компанијата“, пишува Гардијан.
А Волберг не е единствен. Гвинет Палтроу речиси престана да глуми и го смени нејзиниот бизнис модел во бизнис околу тоа што значи да си актер. Тоа би се нарекло „високо монетизирана физичка опседнатост со самата себе.“
Ако се погледнат 10-те најплатени актери на денешницата, кај седум од нив „карактерното влегување во ликот“ е само мал процент од она што го прават за да ги заработат тие огромни суми.
"Се превежбував до смрт. Станува сè потешко, но таков е животот,“ ќе рече Даниел Крег за последната ролја на Бонд за која се подготвувал 6 месеци, се разбира, главно околу физикусот. Комплетно го трансформирал телото, додал 24 сантиметри на обемот на градите, јадел монашки строго по научни принципи и слично.
„Ќути, јас добро пројдов,“ би можел да каже Вуди Ален.