Некогаш глумата беше правење уметност од занаетот да се нијансира некој карактер. Да се биде денес глумец во Холивуд, за многумина главно значи да се одржува физикусот од чија кондиција и изглед директно зависат следните улоги и пари. Некогаш актерите не можеа да излезат од ликот, денес не можат да излезат од теретана.