Десет години немир, документарец за патот до брегзит

Норма Перси жената која е зад документарецот од 1995, „Смртта на Југославија“, и уште дузина слично сериозни дела, на Би-би-си го објави својот нов документарец за тоа како Британија стигна до брегзит. Документарната серија од 3 епизоди почнува со тоа како Дејвид Камерон доаѓа на власт.

Потребно е да се одржи итен состанок за спас на економиите на ЕУ, во момент кога Британија е без влада, а германскиот министер за финансии, од кого зависи секој договор, лежи болен во својата хотелска соба. Од ова зависи ликвидноста на банките и компаниите на континентот, па почнуваат да се бараат резервни германски политичари кои ги собираат од нивните неделни прошетки и со авион се пренесени за да ги пополнат местата на финансискиот самит. Иако звучи филмски ова е само дел од неверојатните информации објавени во документарецот.

Оценката на Гардијан е дека ако некој успее да ја реши загатката на брегзит, тогаш тоа ќе биде Норма Перси.

За потребите на документарецот Перси пред камера ги вади претседателите, премиери и функционери на ЕУ и нејзините членки. Единствен исклучок е Камерон кој има договор за објавување мемоари за кои наводно има добиено 800.000 фунти, и според него не смее да разговара околу својот мандат.

Освен живите сведоштва, документарецот нуди и сериозно длабоки анализи на настаните и околностите околу некои од најсериозните одлуки во ЕУ последниве години.

За сега трите дела се достапни на Јутјуб:

 

14 февруари 2019 - 17:26