На панелот на Комик-кон беше закажан и точниот датум на неговата премиера 5 ноември 2021, а претходно беше објавено дека ќе биде режиран од Таика Ваитити, режисерот на тројката.
Ваитити изјави дека се уште немаат видено сценарио за филмот, ама тоа ќе се базира на приказна од стрипот.
На панелот првиот човек на Марвел студијата, Кевин Фајги ги објави проектите од фазата 4 на Марвел (третата фаза заврши со „Spider-Man: Far From Home“). Прв од нив што беше најавен на Комик-кон е „Eternals“ кој е закажан за 6 ноември 2020, и меѓу другите во него ќе глумат Анџелина Џоли и Селма Хаек.
Во есента 2020 треба да се очекува и серијата „The Falcon and the Winter Soldier“ со Ентони Меки во главната улога како Фалкон.
За 2020 исто така е најавен и филмот за Црната вдовица, кој ќе има премиера на 1-ви мај.
На 12-ти февруари 2021 е премиерата на „Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings“, а пролетта иста година треба да почне и прикажувањето на серијата „WandaVision“. Во исто време е закажан и филмот за Локи кој ќе се надоврзе на последниот Авенџерс.
7-ми мај 2021 е премиерата на вториот дел од Доктор Стрејнџ (Doctor Strange in the Multiverse of Madness).
Летото истата година, Марвел ќе ја пушти анимираната серија „What if...?“ која ќе оди директно на Дизни+ сервисот, а за есента 2021 е најавена и ТВ серијата за Хокај. По ова следува Тор 4-ката со Натали Портман.
Меѓу останатите филмови најавени за следната фаза, без никаков датум за сега, се: Блејд, Црниот пантер 2, Чувари на галаксијата 3, Капетан Марвел 2 и Фантастичната четворка.