Околу 30 германски војници се отповикани од воените вежби во Литванија заради обвинување за расистичко и антисемитско однесување, надополнето со сексуално насилство.
Проблемот со сајбер-напади САД за сега го решија со предавање на Путин на список на 16 круцијални инфраструктурни „ентитети“ кои не смеат никако да бидат допрени од сајбер-напад, под закана дека САД ќе возврати на свој начин.
Австралијанка добила исплата од Ербиенби во износ од 7 милиони долари откако под закана со нож била силувана во стан во Њујорк во 2015 изнајмен преку платформата.
Нападите целосно неповрзани се случуваат во 4 различни градови и завршуваат со 39 ранети лица и 6 убиени, а полицијата предупредува дека ова е само најава за проблемите што ќе престојат летово.
Американската сојузна држава наскоро ќе излезе со нов план за изградба на ѕид на границата со Мексико, затоа што „кризата на границата не е за смеење“.
Официјалниот став на Меѓународниот олимписки комитет е дека откажувањето на Олимпијадата во Токио би било премногу сурова жртва која ќе треба да се наметне на илјадници спортисти од кои некои цел живот работеле за да стигнат до таму. До сега МОК нема ништо спомнато за пари.
Освен што ќе донираат 1 милијарда дози на вакцини против ковид-19, првите луѓе на Г7 сакаат инспекторите на СЗО да се вратат назад во Вухан и одново да започнат истрага за потеклото на пандемијата.
Историската локација која според дел од архитекти нема потреба од какви било унапредувања, доби унапредување во форма на бетонски патеки и уште неколку бетонски појави на барање на друг дел од архитектите.
Од одлуката за потврдување на доживотната казна затвор за Ратко Младиќ, своето мислење го издвои судијката која претседаваше со жалбениот совет. Мислењето зошто не е убедена во оправданоста на пресудата и казната го објаснила на 60 страници.
Под обвинение дека сликата е симбол на „скорешната колонијална историја,“ од заедничката просторија на еден од колеџите на Универзитетот Оксфорд беше симнат портрет на се уште актуелната британска кралица.
Го обвинуваа Трамп дека премногу е фокусиран на Кина и дека поради таа негова лична опседнатост, САД ги запоставува своите други гео-стратешки приоритети. Сега одвоија 250 милијарди долари за да го зауздаат економскиот и политички раст на Кина.
Не само што се четири милиони жители, туку имаат и своја валута, знаме, химна, полиција, војска, а и одржуваат демократски избори, многу помирни отколку нивните етаблирани соседи. Па сепак, тешко да ги најдете на некоја политичка карта на светот.
Довербата што најбогатиот човек на светот ја има во својата компанија за вселенски летови е на ниво што тој, ем брат му, ќе бидат првите патници на првиот лет со луѓе на Блу ориџин.
Британската амбасада во Пекинг пред некој ден на годишнината од масакрот на Тиенанмен на Твитер објави слика од свеќа, без зуцне ни збор повеќе. За возврат за неколку минути кинески Твитер корисници ја свртија приказната дека умрела кралицата на Британија.
Десетици туристи во Италија се осомничени за кривичното дело крадење песок, школки и камчиња од плажа, за што ќе платат казна до 3.000 евра. Се уште нема уапсени за крадење вода од морето.
Од барањето на САД земјата да се откаже од договорот за купување С-400, Турција е подготвена само да прифати испраќање дома на руските воени експерти кои помагаат во секојдневното функционирање на системот.
Уапсениот белоруски новинар и опозиционен активист Роман Проташевич се појави на државната телвизија и во солзи ја призна својата улога во анти-владините протести и рушењето на Лукашенко. Опозицијата верува дека е заложник и дека изјавата ја дал под присила.
На Кина и е неопходно да создаде имиџ на „доверлива, симпатична и почитувана“ Кина преку унапредување на својот стил на комуникација, порачал главниот меѓу милијарда и четиристотини милиони Кинези претседателот Ши Џинпинг.
Данскиот парламент е на пат да изгласа закон кој предвидува дека сите бегалци што ќе дојдат во земјата ќе бидат депортирани во трети држави (во Африка) па таму ќе чекаат дур им се разгледаат документите, а дури и после тоа нема да може да се вратат во Данска.
Американското обвинителство се откажа од четири обвиненија против човек од Флорида кој упадна во Сенатот за време на немилите настани од шести јануари, а овој призна вина за петтото. Не станува збор за 'терористичко загрозување на уставниот поредок' (а не дека немаат такви одредби) туку за опструкција на државни активности. Го чека казна затвор меѓу 15 и 21 ме-се-ци.