Многумина сметаат дека засилената руска политика на меѓународно ниво во суштина има рационални и одбрамбени мотиви. Запад се шири на штета на руските зони на влијание а Русија конечно реши да ги брани тие позиции договорени уште меѓу Горбачов и Реган.
Не мислат сите така:
"Путин не е воден од ладнокрвни пресметки и рационални проценки за своите интереси. Бидејќи никој човек не се води по нив. Ние не сме Вулканци. Ние се водиме од перцепциите за нашите интереси, онака како што нив (перцепциите) ги обликуваат нашите премиси и уверувања," пишува Пол Д. Милер за Форин Полиси.
А уверувањата на овој автор се: Путин верува дека хегемонијата врз блиската околина е неопходна за руската безбедност заради исполнување на историската судбина. И дека и Путин и неговиот прв круг во Кремљ не се обични националисти туку нив ги води еден специфичен национализам импрегниран со религија, судбина и месијанство. Во овој наратив, Русија е чувар на православното христијанство и нејзина мисија е да го чува и шири.
Милер вели дека Русија со интервенциите во Украина и Грузија веќе успеа да ја поткопа кредибилитетот на НАТО бидејќи создаде спорни територии (Крим, Абхазија, Јужна Осетија). А не можеш д станеш члнка на НАТО ако дел од територијата ти контролира Русија.
Според него, следните потези на Путин ќе бидат поопасни бидејќи тангираат полноправни членки на НАТО, оние на Балтикот. А таму ќе се користи фактот дека една четвртина од Латвијците и Естонците се етнички Руси.
А сценариото би било вакво:
Во следниве две години Русите во овие земји ќе почнат да протестираат, ќе тврдат дека се прогонувани, ќе бараат меѓународна заштита. Неколку битни атентати и звучни експлозии ќе го доведат Балтикот на раб на граѓанска војна. Русија ќе ги блокира резолуциите на ОН а ќе се понуди сама како чувар на мирот. НАТО ќе се сретне, Полска ќе инсистира да се покрене Артиклот 5 за колективна безбедност нас НАТО (еден нападнат = сите нападнати), Германија и Франција ќе нејќат и сите ќе се свртат кон САД да каже каде оди Алијансата.
Ако таа суштинска одредба на НАТО не биде активирана, тоа значи дека заедничката безбедност е бесмислена и непостоечка па некое европски држави би можеле да се приклонат кон Русија како поефикасен гарант.
Ако пак алијансата го покрене тој член, тоа ќе биде објава на војна на Западот против Русија.
И тогаш Доналд Трамп ќе мора да реши дали одбраната на Латвија вреди за Трета светска војна.
******
Само една странична белешка околу изворот: магазинот Форин полиси е создаден од Самуел Хантингтон, професорот чија цела кариера се заснова на - контроверзните и убедливо оспорувани - ставови за неминовниот "судир на цивилизациите" па и оваа статија на Милер е со премиси на таква непомирливост.