Украина пукаше на Русија, го утепа Запад

  1. „Нели бе оние Русите лажеа?“ е природната реакција на нормални конзументи на вести кои не можат да се изначуди на дрскоската на Украинците, во желба да ја надитрат Москва, да го излажат цел свет со прецизно испланиран фејк њуз и педантно инсценирање на убиство на новинар.

Украина ќе мора многу работи да објаснува, пишува Дојче веле за несфатливиот потег на украинските тајни служби да инсценираат убиство на војникот кој стана новинар Аркадиј Бабченко за потоа да го појават жив на прес конференција, горди што операцијата им успеала.

Ретка е таа прилика некој да испадне жив а тоа да предизвика толку мешани реакции од кои главно го осудуваа мајтапењето со светската јавност. Во таа група се многу искрени пријатели на Украина, Репортери без граници и други релевантни западни инстанци кои не можат да се начудат дали во име на некоја тајна операција треба да се лаже целата светска јавност, па да се примаат сочувства, па да се ликува над општиот гнев кон Кремљ кој ете, убил уште еден критичар на Путин.

Беше прелажан и германскиот претседател Штајнмаер кој тој ден го посети Киев и се придружи кон осудите на злобната Москва а исто мина и сопругата на Бабченко која не знаела дека се работи за фејк њуз па тој мораше да ѝ се извинува на прес конференција („Жал ми е Ољечка, не можеше поинаку“).

„Додека со „доказите“ за убиството не се штедеше (објавија фотка од „мртвиот“ Бабченко како лежи во локва крв), со доказите дека воопшто постоела некоја завера да се убие Бабченко прилично се штеди, во најлошата традиција на тајните служби. На пример, пуштија видео снимка на која се гледа апсење на еден човек и ние сега би требало да поверуваме дека тоа е организатор на заверата. Се мота и снимка од некое тајно предавање пари но си покриени лица и пак се очекува од нас да поверуваме на гласовите кои се слушаат на снимката а зборуваат за набавка на оружје и ангажирање платен убиец“, пренесува Б 92.

Лажната вест за убиството на Бабченко и целата маскарада на Украина ја подрива довербата во западните медиуми и директно оди во корист на Кремљ, оценува Гардијан кој забeлежува дека со тоа на про-руските медиуми им се даде неочекуван шлагворт да им се потсмеваат на сите кои им веруваат на западните медиуми.  

 

31 мај 2018 - 13:02