И натаму молчат, забележува Брендан О'Нил. Дури и после обезглавувањето на стара жена додека се молела, дури и после бодењето до смрт на други две лица чиј единствен криминал бил што се христијани кои отишле во црквата Нотр-Дам во Ница, западните самонаречени чувари на либералната мисла се на мјут.
А дури и за веќе видените стандарди на исламистичкиот хорор кој ја дрма Франција последниве години, последниве настани во Ница беа натпросечно ужасни. Бескрајно повторувајќи „Алаху Екбер“, човек бодел и сечел грла на верници. На еден му го распарал грлото, друга жена, откако неброено пати била избодена, успеала да побегне во едно кафе за таму да умре а старата била „практично обезглавена“, слично на наставникот Самуел Пати кој се дрзнал со ученици да разговара за карикатурите на Шарли Ебдо (види „Обезглавувањето на професорот е „cancel култура“ со поинакви средства“).
Зајадливи коментари од муслиманскиот свет, конкретно од Ердоган, ја обележаа Франција како исламофобна земја затоа што претседателот Макрон објави дека исламскиот екстремизам ќе наиде на безрезервен отпор.
Уникатно за сите форми на насилен екстремизам, исламскиот тероризам добива попустлив наратив дека бил одговор на провокација. Ако Шарли Ебдо не ги објавеше карикатурите, ако професорот Пати не ги извадеше пред учениците....
„Тоа е морално дегенерирано исто како да се каже дека мусламаните од џамијата во Крајстчрч, масакрирани од расистот Брентон Тарант сами си ја барале бељата посетувајќи џамија - не знаат ли дека е тоа навредливо за белите екстремни националисти?“, вели O'Нил.
Сите вакви жртви, а Франција ги има 250 во последниве 5 години, настрадале само затоа што ги живееле своите животи и сакале да ги изразат своите верувања онака како што сакаат да ги изразат.
Но, и не само поради тоа туку и поради атмосферата во која џихадот добива еуфемистички третман во кој шокантното обезглавување на професор, еден Њујорк Тајмс ќе го врами како „напад со нож“.