Сите сме ние мигранти

Галуп открива дека преку 700 милиони жители на оваа планета не се задоволни од местото во кое живеат и би се преселиле на некое друго место, во друга држава. Освен кај стандардниот планетарен чемер, ваквата желба најмногу расте во европските држави кои се оставени надвор од ЕУ. Албанија, на пример, е во топ три потенцијални мигранти, а и ние не сме „лоши“.

14% од возрасното население на Земјава односно 710 милиони лица се гледаат себе си како потенцијали мигранти кои би го промениле местото на живеење. Резултатите на Галуп се направени со анкета на речиси 600.000 лица цо 156 земји во кои живее од вкупната популација и се однесуваат на периодот од 2013-2016.

Ова претставува зголемување од претходните три години кога како мигранти лесно можеле да се замислат 13% од населението, односно 630 милиони луѓе.

На светов постои 31 држава во која три од десет луѓе би киднале од неа. Таму сме и ние, како дел од групацијата европски држави надвор од ЕУ во која порастот е најголем (27% во однос на претходните 21%). Значајно расте желбата за иселување и во суб-сахарска Африка, Латинска Америка и Карибите, Блискиот исток и северна Африка. 

САД остануваат најпожелна дестинација за потенцијалните мигранти, како што е во изминативе 10 години откако Галуп ги следи овие параметри. Секој петти потенцијален мигрант (147 милиони луѓе од цел свет) би сакал да се видi во Америка а Германија, Канада, Велика Британија, Франција и Саудиска Арабија се привлечни за најмалку 25 милиони луѓе (секоја од нив). 

Околу 20 (среќни) земји привлекуваат две третини од планетарната несреќа. Единствен пад има кај Велика Британија што се толкува со неизвесноста во врска со брегзит.

 

 

12 јуни 2017 - 12:44