Естонија стана прва од некогашните советски републики која ги легализира истополовите бракови.
Во Холандија веќе не смеат да се даваат бесплатно пластични ќеси по продавници.
Стокхолм и Копенхаген почнуваат со проверка на идентитетите на бегалците кои ја минуваат фреквентната рута Данска - Шведска.
Во Делхи започна возење пар-непар заради загадувањето.
Јапонија воведе "Мој број", единствена цифра за социјално и даночно регистрирање која луѓето ќе го носат цел живот.
Франција бирократски го искомплицира процесот на продавање домашни миленичиња.
Во Илиноис се заостри казната за оставање домашно милениче во затворен автомобил (до една година затвор и 1.700 долари казна).
Од први јануари, во Канада се забрануваат електронски цигари со 'детски' вкусови (цреша, грозје). Хаваи ја дигна старосната граница за купување вакви цигари на 21 година, а Орегон ги забрани електронските цигари на работните места, рестораните и затворените јавни простори.
За жените годината почна добро: Во Саудиска Арабија за првпат доаѓаат на сцена парламентарки (избрани во декември) а во Северна Ирска премиер станува Арлин Фостер. Германија воведе правило во надзорните одбори на големите компании да има место за најмалку 30 проценти жени.
Велика Британија влезе во првата фаза од забраната за пушење во затворите а на електричните велосипеди им воведе лимит на брзина од 25 километри на час.
Од поезотеричните нови правила: во голфот се забранува замавнување на палката "уз тело".
Годинава Холандија го презема претседавањето со ЕУ, Јапонија ќе биде домаќин на Г7 самит а полскиот Вроцлав и шпанскиот Сан Себастијан се европски престолнини на културата.