Таг: закони

„Тирани“, „манијаци“ - кога возачите на автомобили биле омразени сограѓани

За голем број Американци во 1920-тите, автомобилот и неговиот возач биле непосакувани елементи на урбаниот пејзаж. Тие наивно сметале дека протестите, медиумската поддршка и генералното промовирање на градови без автомобили ќе може да го спречи неминовниот развој.

Петок 13-ти: тепачки за мртвите

Во текот на 19 век, растојанието помеѓу живите и мртвите почнало да се зголемува. Болниците и лекарите, погребалните претпријатија, здравствените власти, сите тие работеле на тоа мртвите да се оттргнат од интимноста на своите домови. Властите почнале да ја заменуваат заедницата и семејството како „старатели“ на покојните. Ова создавало „викенд на мртовци“ ситуации, на кои бевме сведоци и во текот на пандемијата.

Музичари против употребата на рап стихови како судски доказ

Џеј-Зи, Мик Мил, Килер Мајк и голем број други музички имиња се помеѓу оние кои бараат промена во законот на државата Њујорк, со што би се ставило крај на досегашната практика, рап стихови да се користат како докази во кривични постапки против самите музичари.

Храброста на Оливија де Хавиленд да му се спротивстави на Холивуд

Легендата на „Однесено со виорот“, која почина неодамна на 104 години, не беше само убаво лице во филмовите од „златното холивудско доба“ од 1930-тите и 1940-тите. Нејзиното влијание врз историјата не е запишано само на целулоид, туку и во законите на Калифорнија.

Митот за декриминализација на проституцијата

Декриминализацијата на трговијата со секс се промовира како нешто кое на жените ќе им обезбеди поголема моќ, и ќе ја ребрендира оваа услуга. Но статистичките и други податоци за земјите во кои проституцијата е легализирана и/или декриминализирана не покажува ваков позитивен тренд, тврди коментаторка на списанието Аеон.

Што се смени во светот на 1-ви јануари 2016?

Луѓето на први се само малку помамурни и малку постари од денот претходно ама државите си грмат. Кај нас започна бесплатен превоз на студенти и "средношколска среда" а во светот се апдејтираа следниве закони  и правила: