На списокот на најбарани меѓу другите се Дмитри Медведев, Сергеј Шојгу, претседателот на долниот дом на Думата Вјачеслав Володин, претседателката на горниот дом на Думата, Валентина Матвијенко, секретарот на Советот за безбедност, Николај Патрушев и генералот на руските сили во Украина, Сергеј Суровкин.
На пример Медведев е баран по кривичниот закон по основа на поткопување на територијалниот интегритет на Украина и неприкосновеноста на нејзините граници. По оваа основа, на списокот се речиси сите членови на рускиот Совет за безбедност.
Списокот е уште од пролетоска, а од СБУ не објаснуваат зошто дури сега го објавуваат.
На листата најбарани од украинските безбедносни и разузнавачки власти го нема рускиот претседател Владимир Путин, ниту министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.