"Дојде тука и побара да му помогнеме и јас реков да. Ми рече - може да ве уапсат и измачуваат. Ама по нашата арапска племенска традиција и по муслиманските закони, кога некој ќе ти побара помош, ти му помагаш," објаснува 41-годишниот Намик.
Пред да го смести во дупката, Намик заедно со својот брат, Куаис, помогнал во селењето на Садам во неколку различни куќи во областа.
За цело ова време Садам ниту еднаш не користел телефон, бидејќи знаел дека Американците чекаат да го чујат неговиот глас. Кога не бегал, Хусеин пишувал проза и поезија, а сите негови записи се конфискувани од американските војници кои го заробиле.
Тој им пишувал на сопругата и на ќерките, кои никогаш не успеал да ги види, а единствени посетители му биле синовите.
Неколкуте говори од Садам кои во тоа време се појавија во јавноста, биле снимани на мал касетофон. Знаејќи дека Американците ќе го анализираат тонот, Намик возел и по 10 километри до градот Самара, и паркиран покрај автопатот снимал звуци од сообраќајот.
Намик кој е поранешен возач на Садам и повеќе децении се знаел со него, се уште го почитува поранешниот претседател.
"Садам знаеше дека ќе дојде ден кога тој ќе биде заробен и егзекутиран. Во неговото срце, тој знаеше дека се е готово и дека тој повеќе не е претседател. Затоа тој започна нешто ново - џихад против окупаторите. Тој жртвуваше се што има, вклучувајќи ги и синовите," изјавил Намик.
Заедно со Садам, Американците го апсат и Намик и брат му. Тие минуваат 6 месеци во Гвантанамо.
"Го издржав измачувањето и кучињата, ама не можев да ја поднесам музиката," раскажува Намик.