Почетокот на акцијата би значело истовремено ангажирање на стотици ловци, бомбардери и воени бродови, а во оваа бројка не се вклучени дроновите и авионите за гориво. Плус тука се и евентуалните интервенции на специјалните единици и стратешкото распоредување на одбрамбени ракетни системи.
Самата операција уште на почеток би била комплексен симултан напад кој ќе вклучува електронска војна, напад на системите за против воздушна одбрана и бомбардирање на пет ирански нуклеарни постројки, тврди во својата студија воениот аналитичар Ентони Кордсман.
Нападот би бил најлесниот дел од операцијата.
Сад би требало да го сопре и поморскиот сообраќај и да се надева дека анти-ракетниот систем што им го продаде на арапските нации ќе функционира во случај Иран да реши да ги нападне соседите.
Доколку се мине по планираното, САД со нападот би го вратил нуклеарниот напредок на Иран за 10 години. Ако истата акција ја спроведе Израел, без ничија помош, тој "би ги одложил нуклеарните напори на Иран" за две до три години.