На Европа и требаат имигрантите што ги брка

Како за континент кој старее побрзо од кој било друг регион во светот, на Европа би и било далеку подобро ако почне да се помирува со имигрантите, за свое добро.

На долг рок ЕУ прво ќе треба да собере сериозен број квалификувани работници кои доаѓаат надвор од нејзините граници, и второ да ги смири сите противници на имиграцијата. Во меѓувреме додека да се случи ова препораката од ОЕЦД е пооптимално да се искористат имигрантите кои веќе се во Унијата.

Опасноста е дека ако се продолжи вака со населението (наталитет / морталитет), најголемата индустриска моќ на Европа, Германија, заедно со Шпанија и Полска, ќе имаат намалување на населението, што ќе го забави комплетниот потенцијал за економски раст.

Ако нешто не се промени околу миграцијата, сегашните 82 милиони жители на Германија до 2050-та се очекува да паднат на 74,7 милиони, а просечната старост на населението да изнесува 50 години. По доредени статистки до 2060-та, ова може да падне на 65 милиони.

Наспроти нив, Британија се очекува да има здраво проширување, и до 2050-та да ја надмине Германија како најбројна нација во Европа со 77,2 милиони жители. Во исто време Франција би се израмнила со Германија на 74,3 милиони.

Дополнителен проблем со стареењето е што постарата популација се фокусира на "потребите, наместо на желбите."

"Демографијата е одговорна за побарувачката. Постарите луѓе имаат помалку потреба за куќи, автомобили и потрошувачка стока и мора да се снаоѓаат со помали приходи со кои располагаат откако ќе се пензионираат, со што ги забавуваат тркалата не економијата," објаснува ко-авторот на книгата "Boom, Gloom and The New Normal", Пол Хоџс.

2 декември 2014 - 12:49