Од тројцата, двајца се обвинети а еден заврши во затвор. На страна овие, Британија секоја година започнува судска постапка против стотици луѓе чии постови на Фејсбук, твитови и мејлови, ги смета за навредливи, недолични или непристојни.
Бројот на луѓе кои судот ги прогласил за виновни по оваа основа пораснал од 873 во 2009-та на 1.286 во 2011, од кои најголемиот број се тинејџери.
Еден од тројцата од воведот е Пол Чемберс, кој во јануари 2010-та, во паника дека заради снегот нема да може да фати лет за да се види со девојка му, на Твитер напиша: "Crap! Robin Hood airport is closed. You've got a week and a bit to get your (expletive) together otherwise I'm blowing the airport sky high." Една недела подоцна, во неговата канцеларија се појавуваат претставници од анти-терористичката полиција. Тој беше уапсен, испрашуван 8 часа, обвинет, осуден и казнет. Ја изгуби работата, натрупа илјадници фунти во долгови и не може да најде нова работа. Неговата пресуда беше поништена на апелационен суд дури годинава.
Вториот е 20 годишниот Азар Ахмед кој беше осуден на 240 часа јавна служба, откако на Фејсбук напиша дека војниците "треба да умрат и да одат во пеколот," откако 6 британски војници беа убиени во Авганистан.
А третиот е 19 годишното момче кое на Денот на сеќавањето (посветен на сите загинати британски војници од Првата светска војна до денес) на Фејсбук објави слика од запалена хартиена булка (симболот на овој ден). Тој беше задржан во полиција 24 часа, пред да биде пуштен со кауција.
Законот врз основа на кој се прават сите овие апсења, потекнува од 1930-та и бил донесен за да го спречи вербалното малтретирање на телефонските оператори. Потоа законот е обновен во 2003-та, пред воопшто да постојат Фејсбук или Твитер.