Гледајќи од страна дел од аналитичарите порачуваат дека за „порешителен канцелар ова ќе биде доволно за да го отпушти“ шефот на разузнавањето, Ханс-Георг Масен.
Гледајќи коалиционо Меркел е заглавена меѓу сестринската партија, ЦСУ, која му дава поддршка на Масен, и левичарскиот коалиционен партнер СПД, чија позиција е дека тој повеќе нема кредибилитет и мора да си замине.
Симболизмот на Масен е што тој не е само уште еден функционер во германската бирократија, туку тој долги години е дел од безбедносната заедница на земјата, која како група ја смета есента 2015 и приемот на стотици илјади бегалци за катастрофа.
„Постои длабоко отуѓување на целата безбедносна заедница и канцеларката, нешто што претходно не беше случај во Германија,“ објаснува авторот на книгата за Меркел и справувањето на бегалската криза „Die Getriebenen“ Робин Александер.
Недоразбирањата излегуваат на површина во октомври 2015, кога Меркел го става својот шеф на кабинет, Питер Алтмаер, да биде задолжен за германското справување со бегалската криза, а дипломатката Емили Хабер е човекот за контакт во Министерството за внатрешни работи.
Ваквата хиерархија комплетно ги трга на страна безбедносните служби, кои не можат да стигнат директно до Меркел, и според Александер тоа „тотално ги фрустрира овие луѓе... тие беа ужаснати“.
Паралелно, сето ова време, Масен приватно постојано се жали за тоа дека станува се потешко да се внимава на бегалците и точно да се одреди дали тие претставуваат безбедносен ризик.
Токму судирот меѓу Меркел и разузнавачкиот апаратус беше дел од драмата околу Хорст Сихофер, сегашниот министер за внатрешни работи, која летово се закануваше дека ќе ја урне германската влада. Откако Сихофер доаѓа на позицијата тој му дава заштита на својот сопартиец Масен да ја турка својата безбедносна агенда.
Видеото од Кемниц е прв пат Масен јавно да излезе со изјава пред неговата агенција да ја заврши својата проценка. Инаку коментарот на Масен доаѓа како поддршка на изјавата на премиерот на Саксонија, сојузната држава во која се наоѓа Кемниц, кој го негира ловењето мигранти.
За сега се чека состанокот на ЦСУ во сабота на кој треба да се одлучи дали ќе му се даде поддршка на Масен, или тој ќе биде сменет како што тоа го бараат од СПД.