Конго реши да преживее од својата нафта

Пред неполна година Запад му вети на Конго половина милијарда долари за да ги заштити своите прашуми кои се драгоцени за климатскиот баланс. Се случи Украина и Запад комплетно го заборави Конго. Тие сега решаваат да се копа нафта и гас кај нив, зашто додека ја спасуваат планетата, ќе умрат за јадење.

Демократска Република Конго, дом на една од најголемите древни прашуми на Земјата, продава на аукција огромни количини земја во обид да стане „нова дестинација за инвестиции во нафта“. Блокови за експлатација на нафта и гас ќе бидат понудени на аукција кон крајот на месецоваа  се протегаат до националниот парк Вирунга, најважниот резерват на горили во светот, како и до тропските тресетници кои складираат огромни количества јаглерод, држејќи го надвор од атмосферата.

„Ако во овие области започне експлоатација на нафтата, неизбежно е да очекуваме глобална климатска катастрофа која само беспомошно ќе ја гледаме“, предупредува Ирина Вабива од Гринпис, задолжена за мониторинг на конгоанскиот басен.

Конго се реши на ваков чекор само 8 месеци откако нивниот претседател Феликс Цисекеди западните лидери го тапшаа по рамо на глобалниот климатски самит и му ветија 500 милиони долари за 10 годишна програма за заштита на прашумата.

Се случи Украина, енергетската криза и сите го заборавија Конго.

Во меѓувреме Норвешка, водечката заштитничка на шумите по светот реши да ги зголеми плановите за бушење нафта кај себе а Бајден кој на почетокот на мандатот вети дека ќе ја ослободи планетата од фосилна зависност, само што се врати од Саудиска Арабија каде бараше да му ги одвртат славините.

Со продажба на земјата Конго се надева на значаен кеш кој ќе им помогне да излезат од долготрајната лута сиромаштија.

„Тоа е нашиот приоритет. Не можеме да си дозволиме приоритет да ни биде спасување на планетата“, вели првиот човек за кллиматски прашања во тамошната влада.

Аукцијата на земјиштето беше најавена уште во мај со промотивно видео на кое беа тагнати американскиот Шеврон и француските ТоталЕнерџис.

Еколозите бирно реагираа на ваквата најава на што конгоанските власти возвратија со дуплирање на блоковите кои ќе се нудат на аукција.

Оваа ситуација го болдира лицемерието и двојните стандарди на Запад на кои долго време посочуваат серија африкански лидери: како можат западните земји, кои го изградија својот просперитет на фосилни горива што испуштаат отровни испарувања кои ја загреваат планетата, сега да бараат Африка да заборави и да се откаже од своите резерви на јаглен, нафта и гас со цел да се заштитат сите други?

Меѓу тамошните политичари постои силно уверување дека после толку децении колинијализам и погрешно политичко менаџирање под тивко менторство на Запад, крајно време е земјата да ги приоретизира своите потреби пред оние на „меѓународната заедница“.

27 јули 2022 - 09:23