Кина става шепа на Африка

Најбројната нација на светот трпеливо и систематски ја гради својата глобална стратегија. За наредните три години најавија дека африканските земји ќе бидат помогнати со 60 милијарди долари. И ветија дека зголемениот извоз од Африка нема да се однесува на суровини како што го правеа тоа старите колонијалисти. 

На минатонеделниот кинеско-африкански форум претседателот Џинпин најави финансирање, позајмици и помош за Африка во висина од  60 милијарди долари во наредните три години. На самитот присуствувале сите африкански земји освен еСватини (поранешен Свазиленд) кои се ујдисани со Тајван.

Кинеските инвестиции ќе се инјектираат во проекти од здравството, образованието, безбедноста и културната размена. Најавено е и зголемување на увозот од Африка, со гаранции дека тоа нема да се сведе на исцрпување на суровините на континентот.

Западните критичари сметаат дека стратешкиот кинески проект „Патот на свилата“ е само маска за кинеската должничка замка и неоколонијализам со кој Кинезите сакаат да обезбедат глобална доминација.

На картата на Африка Кина посериозно заигра пред 12 години кога најави 5 милијарди долари помош за континентот. Оттогаш тој износ двојно или тројно го зголемува секои три години.

11 септември 2018 - 14:59