Италија: Хуманитарните авиони за Украина носат оружје

Аеродромски работници од цивилниот аеродром Галилео Галилео во Пиза велат дека наместо храна и лекови, авионите кои полетуваат oд таму, а крајна дестинација им е Украина, носат оружје и муниција. Одбиле да ги товараат а синдикати најавуваат протести. 

Под слоган „Тоскана: Мостови за мир, а не летови за војна,“ синдикалната унија УСБ за сабота најавува протести после добиените вознемирувачки информации дека хуманитарните авион за Украина се само маска за дотурање оружје во запалениот регион.

„Работници од аеродромот Галилео Галилеј нè информираа за сериозна работа, за “хуманитарните“ авиони кои полетуваат од таму, а кои треба да содржат потрепштини, храна, лекови и сè што може да е корисно за украинското население кое со недели е бомбардирано. Ама, не било така. Кога тие се појавиле кај авионот кој треба да го товараат, под него имало сандаци со експлозив, оружје и муниција од секаков вид.“, соопшти УСБ.

Синдикатот вели дека нивните луѓе одбиле да го товарат авионот кој слетува во НАТО база во Полска за товарот потоа да продолжи за Украина во некоја база која ќе гранатира и ќе биде гранатирана.

Синдикално наравоучение: на крајот секако гинат луѓе од работничката класа.

Најостро ги осудуваме ваквите фалсификати кога цинично се користи „хуманитарна“ маска за разгорување на војната во Украина“, порачаа тие.

УСБ побараа воздушната контрола веднаш да ги стопира ваквите маскирни летови а работниците ги охрабрија и понатаму да одбиваат да товарат смртоносни пакети за Украина.

Пристанишните работници од Ливорно најавиле дека се придружуваат на протестот а членката на Европскиот парламент Франческа Донато побарала од официјален Рим да објасни што се случува.

Објаснувања бараат и италијанските комунисти кои предупредуваат дека со вакви потези земјата непотребно се вовлекува во војната и ризикува самата да се претвори во воена цел.

16 март 2022 - 10:04