Извештајот не е на владина агенција или структура, туку на Ареа 1 секјурити, приватна компанија основана од поранешни ветерани на НСА. Според нив мета на нападите биле неколку теренски раководители од кампањата на Обама, како и неговите најблиски соработници од Белата куќа и високи функционери во Стејт департманот, одбраната и енергетиката.
Нападите на мејловите на овие функционери продолжуваат дури и откако тие си заминуваат од државна служба и преминуваат во универзитети или приватна сфера. И во овие случаи омилен метод на хакерите е "фишинг".
Ова за Њузвик го потврдува и поранешниот американски амбасадор во Русија, Мајкл Мекфол, кој во 2014 си заминува од Москва. Тој изјавил дека добива чести предупредувања за фишинг напади од Гмаил и од меил сервисот на Универзитетот Станфорд, каде што моментално е професор по политички науки.
Ова е прв пат Русија да се поврзе со хакерски напади на кампањата во 2008-ма. Претходно за време на американско-кинескиот самит во 2013, припадници на американското разузнавање за Ен-би-си изјавија дека само Пекинг е одговорен за сајбер-нападите во 2008 врз кампањата на Обама и Меккејн.
Иако според Ареа 1 Кина не може да биде исклучена како извршител на овие напади, нивните нови податоци покажуваат дека "Русија се обидела да хакира неколку членови на кампањата на Обама". Луѓето од компанијата објаснуваат дека руски хакери уште од 2007 се пуштени во фишинг на американски функционери.
Наводно руски хакери во 2015 успеале да пробијат во меил системот на американскиот генерал-штаб.
Во "Топ-шоп" делот од извештајот се порачува дека Русите се "озогласено упорни во прогонот на своите мети. И тоа е лекција зошто на секоја организација и треба сериозна безбедност".