
Повисока е веројатноста дека нема да има договор отколку дека ќе има, изјавила Фон дер Лејен на 10-минутниот брифинг по завршувањето на целовечерниот самит во Брисел.
Крајниот рок, продолжен по којзнае кој пат, е недела, а ставот на ЕУ главно останува дека излегувањето на Британија од Унијата треба да биде со договор, меѓутоа договорот не треба да биде по секоја цена.
И Борис Џонсон во четвртокот го информираше својот кабинет дека британската влада треба да е подготвена за излегување без договор имајќи ги предвид условите од Брисел. Тој порача дека е подготвен повторно да разговара со Париз, Берлин и Брисел за да се постигне договор, но дека нема да ја прифати сегашната понуда.
Последно од британската влада, од утринава, е дека работата е дотерана до 90%, и уште малку фали за договор.
Најголем дел од овие 10% се однесуваат на британските територијални води и квотите за риболов.