Тајмс потсетува на пацифистката од Втората светска војна, Вера Британ, која во 1945 тврди дека ужасите што тогаш се објавуваат за нацистичките концентрациони кампови се со цел да се сврти вниманието од уништувањето на германските градови од сојузничкото бомбардирање.
Еден од првите што го осудија извештајот на АИ, беше Зеленски според кого групата „ја префрла одговорноста од агресорот на жртвата.“
„Тој е целосно во право. Постои правна обврска, според Женевската конвенција да се заштитат цивилите во војната, а следењето на активностите од организации како Црвениот крст и Црвената полумесечина можат да ги посочат таквите злосторства.
Тоа е севкупно различно од обвинување и клеветење на жртвите на агресијата, како што Амнести го прави тоа. Не е ни чудо, што украинската канцеларија на организацијата, која не била консултирана, ги осудува овие заклучоци, додека руската амбасада во Лондон со задоволство ги ширеше,“ пишува Тајмс.
Забелешката на Тајмс е дека украинските сили се позиционираат во цивилни области, затоа што тие локации се под напад на Русите, како и тоа дека извештајот на АИ:
„Не обрнува внимание на реалноста на воените операции и погрешно ја разбира содржината на позитивното меѓународно право.“
Тие потсетуваат дека АИ и претходно се „покорила“ пред Кремљ, кога минатата година му ја укина на Алексеј Навални „етикетата“ политички затвореник, за повторно да му ја врати по масовниот меѓународен притисок.
Процената на Тајмс е дека дури и генералниот секретар на АИ да си поднесе оставка заради скандалозниот извештај, тоа нема да ја спаси репутацијата на организацијата.
„Луѓето кои широкоградо им донираат пари и време во верување дека помагаат на жртвите на прогонот, треба да престанат со тоа. Некогаш почитувана хуманитарна организација, Амнести сега покажува одвратна индиферентност кон репресијата.
Откако се покажа мека кон криминалот и мека кон фашизмот, организацијата треба да има доволно пристојност и да ја напушти сцената,“ порачуваат од Тајмс.