Ниту имате план, ниту имате пари за стигање до Марс, и двете треба под итно да ги средите или откажете се од намерата, е пораката до НАСА од комисијата на претставничкиот дом на САД за наука, вселена и технологија.
Најголемиот трговски долг на Северна Кореја кон Западот е стар 40 години, и секоја година упорно не се плаќа, и како што наложува логиката секоја година упорно расте, а се однесува на 1.000 Волво возила што Ким Ил-Сунг (дедото на сегашниот лидер) успеал да им ги собере на Швеѓаните.
Во четвртокот вечерта истече последниот рок за подигање на лото премијата од 63 милиони долари, која минатата година се падна на ливче продадено во Јужна Калифорнија. Има еден што тврди дека парите се негови, ама не му го признаваат ливчето.
Конкретната ИКЕА е во Белгија, а дечкото работи таму неколку години, додека е студент, по два дена неделно. Доброто е што за овие два дена вади исто пари колку што колегите од факултет вадат за четири дена работа. Лошото е се останато.
Ако американската полиција сака да ве следи и да стави GPS бубачка на вашиот автомобил, треба да го убеди судијата да даде налог за тоа. Но ако сакаат да видат каде сè во точно време сте биле со вашата кола години наназад, доволно е само да платат.
Двајца амбициозни американски пензионери пред некое време тргнаа од Норвешка решени да го препловат Аталнтикот. Седум месеци подоцна не се мрднати подалеку од Велика Британија.
Трката за Месечината започнува многу години пред првите стапки и првите цитати на Нил Армстронг, и сето ова едно време изгледа како Советите комплетно да ги имаат поразено Американците.
Разговорот е со околу 60 тинејџери на возраст меѓу 13 и 19 години, темата претежно се однесува на нивните дигитални навики, поп култура и нешто политика. Вака стојат работите со нив околу 2016-та.
Чувствувајќи дека потрошувачите од Западот се заситени од купување и трупање работи, и свесна дека најголем дел од тоа што ќе го купат од ИКЕА по крај на службата завршува на ѓубре, компанијата одлучи да го откупува стариот мебел и да му даде шанса да се реинкарнира.
Отако мажот на Кардашијан ги обелодени своите политички амбиции и најави дека ќе се кандидира на следните изброи, теоретски е можно во 2020 да гледаме претседателски дуел Кање Вест - Доналд Трамп. Оф.
На 80-тина години живот почина жената која преку три децении секојдневно протестираше пред Белата куќа. Каузата за која се залагаше сè уште е жива. Засега.
Јевгени Брик (родум од Киев) во 1951-ва по 2-годишна обука е испратен во Канада, од каде треба да биде инфилтриран во САД. Додека е во Канада, Брик помислува дека ќе може да ги надмудри своите шефови во Москва. Како што ќе покаже историјата Брик не е човекот кој може да го направи тоа.
Прифаќајќи ја одговорноста која и следува во согласност со економската моќ и општо статусот во светот, Јапонија одлучи широкоградо да ги отвори своите врати за бегалците од светот, и тоа за дури - 27 бегалци.
Совети од БиБиСи за паметно вежбање, или барем за почнување со вежбање ако ништо друго. Како што доликува на БиБиСи секој совет им се базира на некое издржано научно истражување.
Обилните наноси од снег кои во некои делови од градот достигнаа височина нешто преку 4 сантиметри снег, комплетно го блокираа сообраќајот во главниот град на САД. Дури и претседателот Барак Обама саат ипол се враќал дома. А снегот допрва им доаѓа.
Официјалното име на единицата е Catturandi (доаѓа од – да се фати), иако тие себе се доживуваат како Банда лавови, најпрепознатлив дел од облеката им се ски-маските што е најмногу што некогаш јавноста ќе се приближи до нивниот идентитет и според нивни зборови, ги нема повеќе од 20 луѓе. Задачата им е лов на италијанските мафијашки босови.
НАСА соопшти дека формирала ново работно тело кој ќе каже што да се прави ако некој астероид (од оние кои ги истребија диносаурусите) оди накај нас. Интересно е кога ќе сфатиш дека до вчера немале нешто такво.
Прво и основно што Шон Пен сака да разјасни е дека со Ел Чапо се виделе неколку месеци пред да биде уапсен, и дека тоа не било ни приближно близу до местото во кое е уапсен.
Шпанска парламентарка (од новоизбраните) одлучува своето бебе да го донесе на работа, ама не во бекстејџ, туку на нејзиното место во главната сала за седници на Парламентот.
Четири години по ред најгуглана личност во Индија е Сани Леоне, истата која десет години по ред е една од најактивните девојки во американската порно индустрија. Ќерката на индиски имигранти во Канада, одлучи да се врати во Индија за да започне филмска кариера во Боливуд, каде дури и бакнувањето пред камера претставува табу.
Еден амандман на вашиот оптимизам дека некогаш ќе ви се падне на лото вака ги поставува работите: коментарот на статистиката дека секој 4-ти што пишува пораки додека вози загинува во сообраќајка најчесто е "тоа не може да ми се случи мене"; коментарот на тоа дека веројатноста да добиеш на лото е милиони и милиони спрема еден најчесто е "никогаш не се знае".
Само два дена пред од гаќи да нè извади веста за смртта на Дејвид Боуви, на сајтов ги објавивме неговите одговори на познатиот Прустов прашалник во кои тој ги покажува сите свои чудесии и убавини на неговата неконвенционална мисла. Како помина таа статија? Рамно осум (со бројка 8) Фејсбук споделувања. Два дена потоа, сведочиме за едно масовно "Eдно Боуви имаме, во душава го носиме".