Заговорите се математички склони кон откривање

Ниту еден заговор не може да остане тајна, бидејќи неговата најслаба алка, човекот, и според математички пресметки порано или подоцна ќе се издаде.

За студијата, др. Дејвид Грајмс од Универзитетот Оксфорд создава равенка која го потврдува ова од воведот и ја аплицира на четири познати заговори. Равенката се базира на три фактори: број на заговорници, колку време е минато и вродената веројатност за неуспех на заверата.

Тој равенката ја аплицира на: верувањето дека слетувањето на Месечината е лажно, дека климатските промени се измама, дека вакцините предизвикуваат аутизам, и дека фармацевтските компании намерно го спречуваат создавањето на лек против рак.

Според бројките на Грајмс доколку постоеле, најголемиот дел од овие конспирации веќе ќе биле откриени. И тоа:

- лажирањето на слетувањето на Месечината би било откриено за 3,7 години;
- измамата околу климатските промени од 3,7 до 26,8 години;
- заговорот околу вакцините што предизвикуваат аутизам би се расчистил од 3,2 до 34,8 години;
- заговорот околу лековите за рак би бил откриен за 3,2 години;


Како пример на заговори кои паднале под притисокот на сите фактори што ги содржи равенката на Грајмс, наведени се:

- Тајната програма на НСА за прислушување, која вклучува речиси 36.000 луѓе и беше разоткриена во рок до 6 години (од Сноуден, еден од учесниците во неа);
- Таскиги сифилис експериментот (1932-1972) во кој лекот за сифилис (пеницилин) намерно не им бил даван на афро-американските пациенти. Во него биле вклучени околу 6.700 лица и бил откриен од еден од учесниците.
- ФБИ скандалот во кој др. Фредерик Вајтхрст открива дека форензичарските анализи на агенцијата биле ненаучни и погрешни, и резултирале со затворање и егзекуција на невини луѓе. Грајмс проценува дека во заговорот се вклучени 500 луѓе и дека биле потребни околу шест години тој да се разоткрие.

27 јануари 2016 - 10:36