Проблемот лежи во нејзиниот последен видео запис на песната Formation (Dirty) и алузиите на Црните пантери, организација која американската полиција не ја памти по добро.
Хавиер Ортиз од полициското братство на Мајами тврди дека со оваа провокација Бијонсе "го поделила американскиот народ и ги промовирала Црните пантери упатувајќи јасна анти-полициска порака".
Тој побара од полициските синдикати да го организираат бојкотот иако е нејасно дали тој мисли на евентуалno одбивање на полицијата да ги обезбедува концертите или пак само на некупување карти.
Забелешки за иконографијата имаше и по нејзиниот настап на полувремето на финалето во американско рагби па протести против Бијонсе имаше и пред седиштето на НФЛ во Њујорк. Ролинг стоун јави дека во врвот на протестот, биле собрани тројца луѓе.