
Во тој период можеби не ги запознаа сите тајни на океанот но имаа многу прилики да ја тестираат ефикасноста на европските спасувачки служби: дури девет пати на помош стигнувале екипи од Норвешка, Данска, Англија, Шкотска и Ирска.
Нема што не им се случило на Боб и Стив, веќе познати како "Капетани Баксуз": откажување на моторот, невреме, губење на опремата, невнимателна плoвидба...
Круна на нивното морепловско патешествие е последниот инцидент кога во едно англиско пристаниште го запалиле бродот оставајќи да гори свеќа.
- Тие немаат појма што прават, вели еден тамошен морнар.
- Не е човечки фактор туку механички пехови, се правдаат несудените 70 годишни морепловци.
Не се откажуваат. Само да го поправат бродот и тргнуваат....