
Впечатоците на новинарите кои во скоро време го посетиле Рио, се дека водата е преполна со секакво можно замисливо ѓубре, а на неколку локации преовладувал мирисот на канализација.
На прашање од Аутсајд Д Лајнс, дали ќе се стигне со чистењето на водите, портпаролката на Рио 2016 одговара:
"Тоа нема да се случи затоа што нема доволно посветеност, фондови и енергија. Како и да е, ние конечно имаме нешто што недостасуваше со генерации, а тоа е волја во јавноста за тоа да се исчисти.
Никој не сака дома да му биде валкано кога ќе му дојдат гости. Па ако не можеме да го постигнеме планираното, треба да работиме до последен момент и да се осигуриме дека спортистите можат да се натпреваруваат во безбедни води."
Американскиот олимписки комитет уште од минатата година е помирен со тоа дека Бразилците нема да стигнат со чистењето на водата, и во официјален документ за планирање на настапот на РИО 2016 тие објавуваат "не очекуваме какви било значителни намалувања на нивоата на бактерии или вирални патогени на локациите за натпреварување."
САД во Рио ќе испрати 48 веслачи, "и тие ќе бидат предупредени и подготвени колку што е моќта на федерацијата." Меѓу мерките за заштита се: вакцина за Хепатит А, заштита од детска парализа, и орална вакцина против тифус. Рачките на веслата ќе се чистат со варикина, а бродовите ќе се мијат и надвор и внатре по секој тренинг или натпревар. Опремата на веслачите ќе се пере на доволно високи температури за да се убијат микробите.