Роберт Рајч беше секретар кај Бил Клинтон, сега го поддржува Берни. Тој упати невообичаено отворена критика кон Сорос и неговата одлука со големи пари да ја помогне кандидатурата на Хилари Клинтон.
Вајч се повикува на податоците од Федералната изборна комисија по кои Сорос во декември трансферирал нови 6 милиони на сметка на "Priorities USA Action", едни од главните поддржувачи на кампањата на Клинтон. Претходно таа година Сорос има дадено уште два милиона долара на разни про-клинтон групи.
А и потезите на Сорос не се баш конзинстентни. Во 2008-ма тој го поддржа Барак Обама против Клинтон но денеска вели дека жали за таквата одлука спомнувајќи дека само Бил Клинтон му ги отворил портите за да дискутира за политика.
Рајч вели дека берзантскиот могул низ светот има сторено многу за промоција на отвореното општество (иако да погледнете што имаат пишувано некои што добиле поддршка од овдешната филијала, тешко дека тоа може да го поврзете со принципите на Карл Попер), но, во американски услови, тоа му изгледа сомнително.
"Да се ставаат толку пари во прелиминарните избори кај Демократите повеќе соодветствува на некое затворено отколку на отворено општество", пишува Рајч разгорувајќи сериозна дебата околу тоа прашање.
Во моментов, таа негова Фејсбук забелешка има преку 1.100 коментари.