Делови се најдени во Ла Модело во Богота, меѓутоа изгледа ова не била ендемска пракса, бидејќи сличен исход имало и во останатите затвори низ земјата, во Попајан, Букараманга и Баранкила.
"Бројот на жртви е непознат, ама ние знаеме дека тој е над 100 и дека може да биде значително повисок. Остатоците се од затвореници, посетители и останати кои биле фрлени во канализацискиот систем," изјавила во Богота инспекторката од јавното обвинителство, Катерина Хејк.
Се претпоставува дека жртвите се од периодот меѓу 1999 - 2001, кога во затворот се достигнуваат сосема нови нивоа на насилство и крвопролевање. Чистењето следува како дел од истрагата во затворот околу сериозни нарушувања на човекови права, исчезнувања и распарчувања на неколку луѓе.