Разно

Зошто Сириец би се вратил дома?

До сега во Сирија се вратени 31.000 бегалци, дел затоа што повеќе не можеле да издржат во бегалските кампови во близина на сириската граница, дел за да се борат против сириските власти. За сега никој од овие не жали што е назад во Сирија, ама никому не му препорачуваат да го направи истото.

Богатите деца на африканските деспоти

Роберт јуниор и Белармин се двајцата млади Африканци на Инстаграм познати по своите фотки од ВИП сепариња во клубови, скапи патики, уште поскапа облека, и шишиња и шишиња Моет. Заедничко за двајцата е што му се синови на 93-годишниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе.

Лидл избриша крст од пакување за некој да не се навреди

Линијата грчки прехрамбени производи на Лидл "Eridanous" стандардно е во пакување со слика од православната грчка црква Анастасис на Санторини. Во реалниот свет црквата стандардно е со сина купола и крст, во Лидл светот на корпоративна претпазливост и пресметано угодување, истата оваа црква остана без крст.

Писмото што Обама му го остави на Трамп во Белата куќа

Владетелот на Америка на заминување во последните денови од својот мандат напиша писмо до својот наследник, го превитка и го запечати во коверт адресиран до „Господинот Претседател“. Кратко по инаугурацијата Трамп изјави дека Обама му оставил писмо, ама дека содржината нема да ја сподели со медиумите. Ја сподели.

Исто е, ама не е исто

Анализа на квалитетот на 26 идентични производи од хрватскиот и германскиот пазар, покажала дека повеќе од половина од примероците земени од хрватските маркети се со полош квалитет и поскапи отколку оние од германските маркети.

Мајкл Мур: Трамп е на пат да победи и во 2020

Трамп може нема да го освои мнозинството од гласачите, ама како што сега стојат работите сигурно ќе го освои мнозинството гласови од изборниот колеџ, порачува истиот човек кој уште во јули 2016 беше меѓу првите луѓе од меинстрим левицата кој предвиде пораз на Хилари.

ЕУ ги изневери своите Роми

Во 2011 донесoa стратегија за решавање на бројните проблеми на ромското малцинство. После половина пат до 2020 година до кога ќе трае стратегијата, резултатите се бетер. 

Кој ќе работи после брегзит?

Како што Британија полека зацапува во брегзит преговорите со ЕУ и се соочува со "после референдум нема каење" реалноста, така добар дел од анти-брегзит предупредувањата и позициите почнаа да се реализираат. Едно од тие гласеше "нема да има кој да ни работи ако ги избркаме сите од ЕУ".

Епл му пушти бонус на Тим Кук

Првиот човек на компанијата го доби бонусот за 2017 што му следува како дел од договорот и кој во годинешната транша стандардно изнесува 560.000 акции од Епл. Преведено во пари според вредноста на акциите на берза, ова пакетче вреди 89 милиони долари.

Кенија ќе вади зембиљи и цегери

На почетокот на неделавa во Кенија стапи на сила општа и ригорозна забрана за користење на пластични ќеси. Казните се толкави што ако те фатат со ќеса, попаметно ти е на лице место да се задушиш со неа.

Британија не може да изеде колку што Индија може да фрли храна

Околу 40% од храната произведена во Индија се фрла, а само од вкупното производството на жито во Индија се фрлаат околу 21 милион тони пченица, покажува извештајот на УНДП.

15-те најголеми товарни бродови загадуваат повеќе отколку сите автомобили на светот

Гледано по глобални статистики од бродскиот превоз на кој отпаѓаат 90% од вкупниот товарен транспорт, доаѓаат само 3% од стакленичките гасови. Зумирањето на истата оваа статистика покажува дека 15-те најголеми товарни бродови испуштаат повеќе азотни оксиди и сулфур отколку комплетниот глобален возен парк на четири тркала.

Иранската пропаганда учи од Холивуд

Класичниот стереотип за идеолошката индоктринација на исламската република кој асоцира на слики на задоени млади луѓе кои со крв во очите извикуваат „Смрт на Америка!“ одамна не важи. За да се држат младите во патриотска работна температура, Иран снима модерни музички спотови од по 250.000 долари.

Неолиберализам: идејата што го проголта светот

По логиката на до неодамна неприкосновено доминантната идеологија, неолиберализмот, пазарот и конкуренцијата се единствените чесни судии во животните битки. Но, кога тие битки создаваат армии губитници, прашање е на ден кога тие ќе го одберат својот Трамп или Брегзит. 

Докторите што стравуваат за здравјето на Мекгрегор

Со целата можност и ова да е дел околу целиот циркус што и претходи на борбата во сабота, група доктори смета дека на ММА шампионот никогаш не требало да му биде дозволено да боксува против Флојд Мејведер.

Макрон за 3 месеци спискал еден Голф на шминки

Францускиот претседател во рок од 3 месеци има потрошено 26.000 евра на шминка, што во просек му доаѓа дека Макрон три месеци секој божји ден давал по 280 евра за пудри, коректори, руж и сличен арсенал.

Да се сруши планината Рашмор!

Авторот на текстот за Вајс предлага уште од сега да им бидат скратени маките на сите Американци што стравуваат дека рушењето споменици на историски ликови од конфедерацијата утре ќе се претвори во рушење споменици на Вашингтон или на Џеферсон (инаку и двајцата сопственици на робови).

Американците трошат повеќе пари на лотарија отколку вкупно за целата останата забава

Во 2016 Американците потрошиле 80 милијарди долари на лото ливчиња, што е повеќе отколку што нацијата потрошила на филмови, видео игри, музика, спортски влезници и книги, заедно.

Фашизмот е жив (само што не секој навистина е партизан)

Авторот на „марфиевиот“ закон кој прв обрна внимание на прелесното потегнување на Хитлер и нацистите во интернет кавгите, нема никаков проблем со идентификација на оние кои ја предизвикаа крвавата ѓурултија во Шарлотсвил.

Дали старите Египќани биле белци или црнци?

Ако ги гледате старите холивудски филмови (на пример Клеопатра со Елизабет Тејлор), ќе верувате дека луѓето од антички Егтипе биле бели. Ако го гледате оној спот на Мајкл Џексон со Иман, Еди Марфи и Меџик Џонсон, тогаш ќе мислите обратно. Науката верува дека има конечно решение на дилемата.

Хрватски неонацист стана заштитен лик на нацистичките протести во Шарлотсвил

20-годишниот Петер Цвјетановиќ е главниот лик од фотографијата што се појави на речиси сите новински извештаи од нео-нацистичките демонстрации во американскиот град Шарлотсвил, кои започнаа по одлуката на тамошните власти да се симне споменикот на конфедерацискиот генерал Роберт Ли.

Кина куртули од бабите хулиганки

Банда од 14 баби е осудена на 2 до 11 години затвор од кинескиот суд заради барање исплата на долгови користејќи "провокативни и вознемирувачки методи".

Трамп два пати дневно добива папка со позитивни вести за него

Од почетокот на мандатот на администрацијата секојдневно се подготвува специјална папка, која на претседателот му се испорачува на две рати. Првото пакетче е спремно во 9 и 30, а второто во 16:30, и во просек во нив има од 20 до 25 страници со вести.

Како функционираат фудбалските трансфери

На страна играчот, трите најважни споредни состојки се: голем број луѓе, огромни количества пари и многу текст пораки.