Во видео интервју со сајтот Фајтхајп, непоразениот боксерски шампион (50 борби, 50 победи) изјави дека од УФЦ му дале огромна понуда за да се врати во боречките спортови. Наводно понудата е Мејведер да дојде за „договор од три или четири борби и да заработи 1 милијарда долари“.
„Ми се јавија пред некое време и побараа да направам камбек. Можам одма да се вратам. Ако сакам, можам одма да влезам во УФЦ.
Можам да одам да се борам во октагон - и можам да добијам договор за три или четири борби во октагон и да заработам 1 милијарда долари,“ изјавил Мејведер.
Во август, за рекордни пари, Мејведер го порази Конор Мекгрегор, најголемата ѕвезда на УФЦ. Исходот од борбата беше крајно очекуван, исклучиво затоа што Мекгрегор се согласи на боксерски меч, каде што Мејведер е неприкосновен.
Ситуацијата е сосема поинаква доколку Мејведер навистина одлучи да се бори во октагон и по УФЦ правила, и во таква околина не е претерано стравувањето дали Мејведер воопшто ќе ги преживее тие 3 до 4 борби за да може да ги троши парите.