Данокот на месо е неизбежен ако државите сакаат ги исполнат обврските од Парискиот климатски договор, гласат насловите кои ги пренесуваат проценките дека во име на консензуалната грижа за опстанокот на планетата, месото ќе мора да се третира како порок и како таков да добие акциза. А таа грижа и не е толку консензуална со оглед на тоа штo САД во јуни годинава го повлекоа својот потпис.
Ако политичарите сакаат да ги намалат трошоците од епидемиите кај животните како што е птичјиот грип и епидемиите кај луѓето како што е дебелината, дијабетесот и ракот, а истовремено да се справат со климатските промени и отпорноста на антибиотици, државите ќе мора да го сменат односот кон месото - од субвенции кон оданочување“, вели човек од една инвестициска групација која лобира за ваквата разврска.
Земји како Шведска и Данска веќе ја имаат разгледувано идејата за месото како акцизна стока, идеја која е помогната од ставот на Светската здравствена организација дека консумирањето месо го зголемува ризикот од рак, и проценките не еколозите дека одгледувањето животни за прехранбената индустрија одговара за 14,5% од глобалните емисии на штетни гасови.
Засега не им текнало како да нè дрват за опасностите од секонд хенд јадењо месо, ама, ќе им текне и тоа.