Разно

Новиот Пат на свилата

Во 130-та година п.н.е. Хан династијата го воспоставува Патот на свилата, кој се простира од Кина до денешна Турција. Во 2013-та кинескиот претседател објави дека Патот на свилата ќе биде возобновен, и тоа како најголемиот и најскапиот инфраструктурен проект во светот.

Вселената астронаутот го расте

Не е чудно астронаут во вселената да порасне пар сантима поради недостатокот од гравитација што му овозможува на р'бетот да се издолжи. Но, јапонскиот астронаут кој моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица ја претерал. И сега се секира дали ќе го собере во седиштето во кое треба да се врати на Земјата. 

Борбата со ветерници завршува во сметката за струја

Во Велика Британија ветерници главно поседуваат големи енергетски компании. Лани најмногу се офајдиле кога - не работеле.

Туркменистан забрани црни коли

Во некои други земји, ваква глупа забрана евентуално би се правдала со климатски причини, глобални затоплувања и слични модерности. Во Туркменистан нема потреба од тоа. Таму претседателот, просто, сака бели автомобили.

Трамп има помалку кредибилитет од кој било што некогаш одел по Земјата

Зборувајќи на Ен-би-си за својата книга, Мајкл Волф изјавува дека „луѓето на Трамп го сметаат него за дете“ објаснувајќи дека американскиот претседател има постојана потреба од инстантно задоволство, „ниту чита, ниту слуша, тој е како флипер, само мава на сите страни.“

На Германците им беше плаќано за струјата што ја трошеа за празниците

За време на божиќните и новогодишни празници, Германија имаше толку многу енергија добиена од обновливи извори што граѓаните практично добиваа пари за струјата што ја трошат. Цената на струјата да отиде во минус и не е така редок случај во (нормални) земји. 

Светските затвори под навала од жени

Битката за рамноправност и родова застапеност знае да произведе чудни нуспојави. Додека машката затворска популација го следи општиот прираст на населението, бројот на жени зад решетки постигнува галопирачки трендови.

Американците се селат на запад

Последниот извештај за внатрешната миграција во САД покажува дека источниот брег се напушта и луѓето одат на западниот, каде што е поевтино, потопло и полесно за наоѓање работа. Популарноста најмногу му расте на Ајдахо а од Илиноис е општа бежанија.

Внимателно со тоа антиката

Историјата да им ја оставиме на историчарите? Не ќе да е таа безбедна ни со нив. Во архива на познат археолог, после неговата смрт, пронајдени се ракописи кои внесуваат револуција во теориите за Троја, Хомер, Грците и сето тоа. Проблемот е што некои од неговите колеги се сомневаат дека се фалсификат, поставени од него, за да ги зацврсти своите видувања и после смртта.

99 најдобри работи што се случија во 2017

Да не биде дека тревата секогаш е позелена во следната година, Кварц составија список на вести од годинава од кои сите (или барем голем број од нас) имаат ќар и што беа масовно позитивни за човештвото.

Кина забрани 553 модели на автомобили заради загадување

Забраната не е за овие 553 модели да се возат низ земјата, туку ниту еден од нив повеќе не смее да биде произведуван. Благодарејќи на серија слично драстични мерки, Кина повеќе не е на првото место како најзагадена држава.

Калифорнија го прекори Нестле дека е дрч за вода

Властите на Калифорнија решија дека Нестле нема право да флашира и да продава вода за време на големата сушата што ја има зафатено американската сојузната држава.

Директоре, со алал да ти е авионот

Бордот на Епл решил дека ЦЕО-то Тим Кук од сега мора да лета само и само со приватен авион „во интерес на неговата безбедност и ефикасност“, без разлика дали било за работа или одмор.

Прво скокни (во текстот) па стисни шер

Републиканскиот сентатор од Јута Орин Хеч деновиве пријатно се изненади кога виде дека влијателен локален медиум го прогласил за човек на годината во таа американска  федерална држава. Хеч побрза да го сподели тоа и да се заблагодари на честа. Пред да прочита за што му се дава таа титула.

Илузијата на американска ракетна одбрана

Како што низ добар дел од годинава се крчка непријателството и нуклеарното сскање меѓу САД и Северна Кореја, така американските медиуми речиси со редовност на топ-шоп презентации постојано вртат стории за капацитетите на американската ракетна одбрана, чија главна мана е што е добра само кога ќе функционира.

Нов Зеланд прогласи планина за физичко лице

Светата планина Таранаки во Нов Зеланд е трет географски ентитет во земјата на кого законски му се дадени исти права како и на кој и да е граѓанин на оваа земја. Од поштовање.

Некој овде не е наш

Не е кромид; Пентагон навистина имал тајна програма за следење НЛО и за неколку години се собрал доста зачудувачки материјал. Човекот кој две години ја водел програмата признава дека често не знаеле што гледаат.

Што стварно сака Путин?

Рускиот претседател успеа да убеди голем број од Американците дека е манипулативен гениј, а всушност тој е само коцкар на кој му се падна голема премија, пишува Џулија Иофи во текстот за Атлантик.

Како владите станаа бизниси

За да се избегне сеприсутниот впечаток за превработеност на администрацијата и прескапиот бавен и неефикасен државен апарат, државите решаваат многу свои функции да аутсорсираат и да ги дадат во раце на приватни под-изведувачи. Ем поефикасно, ем тие вработени не се бројат како некои кои „народот ги плаќа“. На тој начин, завршуваме со многу поголем апарат (кој народот го плаќа) од оној кој сме сакале да го избегнеме.

Мејведер има понуда да се врати за 1 милијарда долари

Информацијата ја објави самиот Мејведер, мала техникалија е дека нема да се врати во ринг, туку во октагон. Понудата е од УФЦ.

Ретка пресуда за нигериската меил измама

Затворска но релативно мала казна му е определена на еден Нигериец кој со озлогласените финти преку меил успеал да олесни илјадници луѓе за 25 милиони долари.

ФБИ најде Русин што ќе признае дека ги хакнал демократите по наредба на Путин

Тазе признанието на рускиот хакер дека ги украл мејловите на Хилари по наредба на Москва, следува само неколку месеци откако американските медиуми објавија дека руски хакер одбил да прифати пари, државјанство и стан во САД, во замена за преземање на одговорноста хакирањето.

Годината кога хаосот стана стандард

Без разлика дали се рекордните пожари во Калифорнија, или 300 и кусур жртви во терористички напад во Египет, или Јемен каде се случува најголемата хуманитарна криза од Втората светска војна до денес, (или локално името, црквата, јазикот, историјата) годинава јавноста гледаше само да го пројде денот, не ни обрнувајќи внимание на целосниот распад што се случува околу нејзе.

Дали Најк хиџаб е напредок или уназадување на муслиманките?

Нешто слично како со дилемата околу американските феминистки кои почна да користат слика од забулена муслиманка како симбол на борба за унапредување на правата на жените и за сечие право да реши што со себе, така и со Најк Про Хиџаб колекцијата, не е јасно дали им помага или им одмага на муслиманките.