Време е да се прекине со „арапскиот свет“

Именувањето на целиот тој свет на Блискиот исток и северна Африка како „арапски“ е погрешно и дезинформирачки. Се работи за 381 милион луѓе во 22 земји во кои се зборуваат најмалку 35 дијалекти.

Не постои монолитен блок како „Арапи“ и „арапски свет“. Се зборува арапски јазик но во многу форми и варијанти кои немаат многу допирни точки и секоја од нив е дел од националниот идентитет. Она што се зборува во северна Африка нема врска со говорот во Либан (наречен фру-фру арапски заради француските влијанија). Домороден јазик во Либан бил феникискиот кој се зборувал и на бреговите на Сирија која пак го има споделувано својт стар асирски јазик со Ирак и Иран, додека во Египет се зборувало коптски итн итн.

Пребарување низ книгитена Гугл покажува дека денес термините „арапи“ и „арапски свет“ се користат 400% повеќе отколку пред два века. Дури и самиот збор „арап“ во еден јазичен камп значи „номад“ а во други го изведуваат од термините чист или мешан.

Во модерна смисла, терминот „арап“ е референца од 19-от век скована заради дистинкција од Отоманската империја и турскиот национализам. Потоа се утврдува со иницијативата на Арапската лига, особено со поддршка од Саудиска Арабија на која ѝ е битно да се брендира како родно место на исламот и арапштината. Терминот му е омилен на  Насер во 50-тите и 60-тите години на минатиот век.

Нахеда Баракат за Гардијан вели дека етикетирањето на речиси 400 милиони луѓе од 22 земји кои имаат многу различни истории, идентитети, култури и дијалекти во монолитни блокови како „арапски свет“ е погрешно исто како Шкотска, Ирска, Австралија, САД и Канада да се стрпаат во ист кош и да се нарекуваат „англиски свет“.

18 април 2018 - 12:57