Слобода на говор:

Нетолерантноста на транс активистите нема граници

Им се закануваат на сајтови кои дозволуваат дебати, им се јавуваат на огласувачи и им претат со бојкот, се судираат дури и со феминисти кои поинаку од нив гледаат на некои работи.

Британските транс-активисти се закануваат со организирање бојкот на огласувачи за да го замолчат најпознатиот тамошен сајт за родителски совети Мамснет. Основачката на сајтот открива дека три големи огласувачи ја контактирале и ја информирале за заканите кои ги добиваат од ваквите милитантни транс групации.

Мамснет стана мета на транс-активистите затоа што членови на нивниот форум изразија загриженост околу планираните промени на таканаречениот Gender Recognition Act (GRA) со кои ќе им дозволи на мажи да се само-идентификуваат како жени и така да бидат третирани од законот. Во суштина, загриженоста е околу дискрецијата на ексклузивно женските простории, од соблекувални па до центри за жртви на силување. А уредништвото на Мамснет одби да се повинува на барањата за цензурирање и бришење на таквите ставов,, кои транс-активистите по автоматизам ги прогласуваат за хомофобични.

И во оффлајн светот дебатата станува сè потешка. Феминистките кои се против предложените измени регуларно се попречувани во нивните собири и дебати од страна на од транс-активисти. Заради ваквите закани, некои дебати беа откажани а имало и прилики кога феминистки говорнички биле физички попречувани да дојдат на настаните.

Инаку, понатамошната либерализација на законите веќе има шиорка политичка поддршка и од Ториевците и од Лабуристите и многу веројатно ќе помине во реализација. Практично, транс идентитетот веќе се прифаќа како факт па затоа постои човек кој е роден како маж и кој силувал две малолетни девојчиња, а моментално служи доживотна затворска казна во женски затвор (отприлика како шведска маса за силувачи). 

„Транс нетолеранцијата расте и не знае за граници. Тоа е доказ за ароганцијата во самата суштина на идентитеските политики кои почнаа да доминираат со јавниот живот и во кои само-прогласениот идентитет се третира како тотем. Нарцистичката потреба твојот идентите некој постојано да го признава и поддржува почнува да го пребришува правото на отворена и критичка дискусија“, пишува Фрејзер Мајерс.

25 април 2018 - 16:09