Американска студија изработена по повод светскиот ден на помнењето на холокаустот покажува дека тој полека бледее во мислите на луѓето, особено меѓу миленијалците кои во оваа сондажа се дефинирани како група од 18 до 34 години.
41% од нив мислат дека во холокаустот исчезнале два или помалку милиони Евреи. А бројот е шест милиони. 41% од Американците и 66% од миленијалците не знаат каде се наоѓа Аушвиц а мнозинството од општата популација верува дека Хитлер дошол на власт насилно.
„Ако почекаме во овој тренд да порасне уште една генерација, мислам дека веќе ќе биде доцна“, мисли Метју Бронфман, од еден еврејски центар кој го нарачал истражувањето.
Единствена светла точка во добиените резултати е тоа дека оние кои го негираат постоењето на холокаустот е маргинален. Огромнот дел од луѓето се длабоко убедени дека тој се случил и дека бил лоша работа. Е сега, дали биле два или шест милиони жртви, да не ситничариме.