Кратка историја на американските интервенции во Ирак во изминатите 50 години

На 9-ти април 2003 американските новински мрежи ги прекинаа своите редовни програми за директно да вклучат пренос од багдадскиот плоштад Фирдос, каде мешана група од локални Ирачани и американски војници во цивилка ја соборија огромната статуа на Садам Хусеин.

Интерсепт во својата анализа на американските и општо западни интервенции во Ирак за соборувањето на статуата пишува:

„Ова беше брилијантна, полу-режирана вежба по пропаганда насочена кон засилување на неоконзервативното ветување дека обичните Ирачани ќе бидат пресреќни од падот на режимот и ќе ги пречекаат американските војници како ослободители.“

Инаку проблемите на Ирак со САД и Западот (и обратно) не се од пред 15 години, туку имаат над 50-годишна историја и почнуваат кога граѓаните решаваат да се ослободат од својот монарх, кој речиси бесплатно им ги предава нафтените полиња на земјата на западните компании, и сакаат да воведат демократска власт која ќе работи во интерес на народот.

„Овој класичен пример на американски империјалистички злосторства започнува во 1958 кога монархијата поставена од Британците е соборена од популарен ирачки генерал кој решава да ја национализира нафтата, да ги нормализира односите со Советскиот сојуз, и да имплементира масовни аграрни и општествени реформи,“ се објаснува во анализата на Интерсепт.

 

10 април 2018 - 11:48