На 9-ти април 2003 американските новински мрежи ги прекинаа своите редовни програми за директно да вклучат пренос од багдадскиот плоштад Фирдос, каде мешана група од локални Ирачани и американски војници во цивилка ја соборија огромната статуа на Садам Хусеин.
Кога имав 12 години, Садам Хусеин, во тоа време потпретседател на Ирак, спроведе масовна чистка и ја узурпираше целата моќ. Тогаш живеев во Багдад, и развив интуитивна, длабока омраза кон диктаторот уште на почетокот.