Разно

Нетолерантноста на транс активистите нема граници

Им се закануваат на сајтови кои дозволуваат дебати, им се јавуваат на огласувачи и им претат со бојкот, се судираат дури и со феминисти кои поинаку од нив гледаат на некои работи.

За партискиот донатор сè најдобро

Британските власти одбиле да им помогнат на Французите во истрагата за перење пари и даночна измама од страна на британскиот телеком гигант Лајкамобајл. Причина - Лајкамобајл е „најголемиот корпоративен донатор на Конзервативната партија“ и дава пари во труст основан од Принцот Чарлс.

Хилари: Не ме сака народ и тоа е

Њујорк тајмс има подготвено издание со наслов „Мадам претседател“ кој треба да биде испишан по цела ширина на насловната, за дента по претседателските избори во САД, пишува во својата нова книга новинарката на Тајмс, Ејми Чозик.

Како Тито преговараше со Германците

Со Вили Брант се шалеле, пиеле и зборувале за приватни работи. Хелмут Шмит правел сè за да го шармира партизанскиот лидер и го прашувал за совети како се владее. А Ерих Хонекер од Источна Германија бил речиси понизен, како учениче пред професор. Лично присуствувајќи на многу такви средби, Иван Ивањи сведочи дека Тито никого од нив никогаш за ништо не го молел и бил, во најмала рака, рамноправен соговорник.

Рич кидс оф Кореа ер

Претседателот на Кореан ер, националниот превозник, пред корејската јавност се извини за однесувањето на неговите две ќерки, кои неколку години по ред го резилат пред народ. Плус, најави и дека двете ќе бидат отпуштени од компанијата.

Марихуана по политичка потреба

Американските Демократи гордо најавија дека ќе буткаат закон за федерална легализација на марихуаната. Демократите можеа да го донесат истиот закон кога Обама беше на власт. Само што тогаш не им требаа младите.

Денес во Европа се води борбата за деколонизација

Турција и Јордан имаат право да зборуваат за бројот на бегалци, ама не и Европа, каде пристигнувањето на бегалците всушност значи неуспех на пост-колонијалниот период. Европа денес се соочува со своето колонијално минато, објаснува ко-авторката на проектот ДААР, Палестинката Санди Хилал.

УСАИД подесно од ВМРО

На тема на женски права и родова еднаквост, на состанок во ОН зад затворени врати, УСАИД и други претставници на актуелната американска администрација, буткале толку конзервативна агенда што многумина оцениле дека таа е многу подесно од позициите на Русија и на арапските држави.

Емануел Макрон на пат да стане Трамповиот Тони Блер

По подолго време убедувања од неговите најблиски соработници и советници, беше потребна интервенција од Емануел Макрон за Трамп да одлучи да не ги повлече двете илјади американски војници во Сирија, и да не се опушти со ширење слобода и правда од воздух.

Време е да се прекине со „арапскиот свет“

Именувањето на целиот тој свет на Блискиот исток и северна Африка како „арапски“ е погрешно и дезинформирачки. Се работи за 381 милион луѓе во 22 земји во кои се зборуваат најмалку 35 дијалекти.

Кадија те суди, кадија те вика на интимна работна вечера во хотел

Жени вработени во ЕИГЕ пријавиле сексуално малтретирање од своите, најчесто постари, колеги, а неретко и од шефовите. ЕИГЕ (Европски институт за рамноправност на половите) е агенцијата на ЕУ која требаше да спречи вакви работи.

Што беше тоа холокауст?

Цели седум децении по завршувањето на Втората светска војна, човештовото се потсетува и си два задача „никогаш да не се заборави“ систематското бришење цели народи во нацистичките логори на смртта. Е па, се заборава.

Кога „дроља“ звучи премногу фино

Парламентарниот спикер Џон Бенер до пред само пар години беше еден од највлијателните американски политичари. Огромен дел од таа влијателност користеше за борба против легализација на марихуаната благодарејќи на што стотици илјади луѓе завршуваа по затвори. Денес Бенер не е во политиката. Во бизнисот со марихуана е.

Кога Нестле вади вода, му тече мед и млеко

На луѓето од градот Флинт во Мичиген од чешма им доаѓа вода којашто не сакаат да ја пипнат, до толку што дури и се бањаат со флаширана вода. Во нивна близина водата ја вади од земја и им ја флашира компанијата Нестле. И за тоа годишно плаќа - 200 долари.

Кратка историја на американските интервенции во Ирак во изминатите 50 години

На 9-ти април 2003 американските новински мрежи ги прекинаа своите редовни програми за директно да вклучат пренос од багдадскиот плоштад Фирдос, каде мешана група од локални Ирачани и американски војници во цивилка ја соборија огромната статуа на Садам Хусеин.

Казандол до Австралија

Бритиш петрол (оние што пред 8 години направија катастрофа во Мексиканскиот залив) сакале да бушат во Австралија, Во предлогот до Владата пишале дека ако им се истури нафта и таму, нејзиното расчистување ќе ја раздвижи локалната економија.

Уште една индиска лудорија на Блаже

За да ја подигнат свесноста околу проблемот со трговија на луѓе, Блаже Аризанов и неговите индиски партнери покренале лажен веб сајт преку кој наводно можеш да резервираш девојка за една вечер, исто како што би резервирал соба за една вечер.

3-ти април, британскиот Ден на казнување муслимани

Пред неколку седмици во најмалку 6 заедници во Британија пристигна писмо во кое за 3-ти април се најавува Денот на казнување муслимани во Британија. Во писмото е вклучена и таблица според која ќе се бодуваат најразличните типови насилство врз муслимани.

На Саудиска Арабија и дојде до Сонцето

Во своето планирање за периодот откако ќе ја потрошат целата нафта Саудијците го најавија најголемиот проект за производство на соларна енергија во светот, со капацитет од околу 200 пати повеќе од најголемата соларна електрана што денес е во погон.

Лондон стана поопасен од Њујорк

Двата града имаат слична популација (околу 8 милиони жители) и за првпат во поновата историјата, месечниот број на убиства во главниот англиски град ја надминува њујоршката црна хроника.

Хуманитарна помош со шмек на сексуално малтретирање

Пред некое време беше објавено дека хуманитарните работници на една од најголемите хуманитарни организации во светот, Оксфам, организирале „Калигула оргии“ во една од вилите на организацијата во Хаити во времето кога таму биле за да и помогнат на земјата по земјотресот во 2010.

Парадоксот на патриотизмот

Живееме во ера на идентитетски политики. Нечија сексуална ориентација, родова припадност, или религиозно чувство денес не е нешто што само се прифаќа и толерира туку нешто што гласно се слави и речиси сакрализира. Во таа ера на идентитети, постои еден кој не само што не се слави туку често се демонизира - националниот идентитет.

Старбакс ќе мора да предупредува за рак

Старбакс и другите компании кои се занимаваат со продажба на кафе во Калифорнија ќе мора на производите да наведат предупредување за опасност од рак. Чекирањето во Старбакс останува бенигно, мада, доста глупо.

Ни крајна десница веќе не е тоа што беше

Северниот италијански град Спирано е само еден од мноштвото градови кои избраа десничар конзервативец да ги преставува во Сенатот на државата. Иако дел од мнозинството, нивниот кандидат е комплетно различен од мнозинството.