Опиумот како религија на властите

Додека мексиканските војници и полиција секојдневно гинат по улици во крвавите пресметки со нарко-картелите, министерот за одбрана ја нафрли идејата дека со легализација на опиумот можеи би се ставил крај на повеќедецениските крвопролевања.

Во Мексико во просек гинат и по 93 лица во инциденти поврзани со дрога. Дневно! Дrжавата пробaла и помеки и потврди стратегии и ништо досега не дало резултат, што веројатно е главната причина, на едно отворање воена база, првиот човек на мексиканската одбрана да рече дека со легализација на опиумот би можело да се намали насилството во земјата.

Генералот Салвадор Сиенфуегос изјави дека веќе се на маса опциите за легализирање на опиумот за научни и медицински цели и дека се разгледува кои модалитети на таа стратешка пресвртница би биле најефикасни.

Идејата е на селаните да им се понуди наместо да го продаваат опиумот на картелите, жетвата да им ја откупува државата. Досега вооружените сили на Мексико - кој е најголемиот произведувач на опиум во светот и истовремено сериозен рутер за останатите видови наркотици - имаат уништено стотици хектари посеани со опиум но залудно бидејќи селаните повторно се навраќаат на него, често поради немање други одржливи опции.

На властите уштее сега им е јасно дека најголем проблем во новата стртегија жќе биде безбедносна на селаните кои картелите нема така лесно да ги пуштат кај новиот купец.

*****

Види и:

Слобода за македонскиот афион

8 октомври 2018 - 17:04