За овие не полни 2 месеца, руски владини функционери 6 пати ја имаат посетено Бутина, испратени се 4 официјални дипломатски дописи до американскиот Стејт департмент, а тука е и притисокот на Лавров врз Мајк Помпео.
Според американското обвинителство Русија во изминатиот месец има испратено повеќе дипломатски дописи за Бутина, отколку за кој било друг руски државјанин што е во затвор во САД во изминатата година.
Поранешниот американски разузнавач, Алекс Финли, во текстот за магазинот Политико, дава неколку објаснувања за вака зачестените посети.
Прво, веројатно Русите проценуваат колкава штета е направена од откривањето и апсењето на Бутина, што американските власти знаат за нејзините активности и контакти, што таа воопшто им кажала и дали треба да се загрижени за останатите свои агенти.
„Најважно, руските власти ги интересира дали Бутина прозборела? Дали таа им кажала на американските власти повеќе отколку што тие веќе знаат? Или да не им има потврдено информации што веќе ги имаат?“ пишува Финли.
Втора причина за посетите според Финли е да се осигура Бутина дека ја немаат заборавено и дека таа треба да продолжи да молчи. При што главно е ветувањето дека прават сè за да ја вратат во Русија.
Третата основа е - да се осигураат останатите нивни оперативци дека ако нешто им се случи тие нема да бидат заборавени.
Инаку иако и Бутина и руските власти се свесни дека таа ќе биде откриена, што се гледа од запленетите разговори и кореспонденција, сепак таа не решава да се спакува и да се врати во Русија, ниту пак добива таква наредба од претпоставените.