Политичките противници на Филип Кулар од Квебек заклучија дека тој е исклучен од реалноста откако во една радио емисија изјави дека просечно семејство може да се прехрани со 75 канадски долари неделно.
Канаѓаните на храна во просек издвојуваат по 12.000 долари годишно. На неделно ниво, најниските износи се од 140 до 230 долари.
Левичарската опозиција поентираше дека после вакво манифестација на немање осет на реалните проблеми на луѓето, паѓаат во вода сите апели и објаснувања за потребата од стандардното „стегање на каишите“ кои ги лобираат либералите.
Своевремено и британскиот премиер Давид Камерон беше фатен во мрак кога го прашаа колку чини леб во продавница. Дрско но вешто се извлече велејќи дека не знае бидејќи сам меси леб дома.
Во 1992 година, новинарските камери го имаа фатено стариот Буш како е комплетно стаписан и збунет од начинот на кој функционира скенер на каса во супермаркет.