14-годишната Абир Касим Хамза ал-Џанаби заедно со своето семејство, 34-годишна мајка, 45-годишен татко, 6 годишна сестра и двајца браќа (9 и 11 години), живеe во куќа која се наоѓа на околу 200 метри од една американска контролна точка во селото Јусуфија.
Чисто заради безбедносни причини родителите не ја пуштаат Абир да оди на училиште, па таа цел ден се вртка по дома и во бавча. Ова го забележуваат и војниците, но и соседите кои повеќе пати го предупредуваат таткото на Абир дека американските војници постојано го гледаат девојчето додека ги врши домашните работи. На ова таткото одговара дека тоа не е проблем бидејќи таа е само мало девојче.
Според сведоштвото на еден од двајцата преживеани браќа на Абир (кои за време на нападот се во училиште и само заради тоа остануваат живи), војниците често пати вршеле претрес на нивната куќа. Мајката на Абир пред убиствата им кажува на своите роднини дека секој пат кога ќе ги фати војниците како ја гледаат ќерка и, тие покажувале кренат палец велејќи "Многу добро, многу добро". Заради ова, таа по неколку пати неделно ја испраќа Абир да спие во куќата на вујко и.
На 12 март 2006 војниците од 502-от пешадиски полк на контролната точка се запиваат и почнуваат да разговараат и да го планираат силувањето на Абир. 5 од 6-те војници кои се наоѓаат таму го напуштаат место и тргаат кон нејзината куќа. Во поворката упатена кон куќата на Абир се: Пол Кортез, Џејмс Бејкер, Џеси Спилмен, Брајан Хауард и Стивен Грин.
Сред бел ден тие влегуваат во куќата (без униформи). Од петмината Хуард останува пред куќа да чува стража, а останатите ја одделуваат Абир и нејзиното семејство во две различни соби. Додека двајца американски војници ја силуваат Абир, Грин е во другата соба ги убива нејзините родители и 6-годишната сестра. Потоа Грин извикувајќи "само што ги убив, сите се мртви" влегува во другата соба ја силува Абир и ја убива. Спилмен иако е во куќата не учествува во силувањето.
Геил Мекгован Мелор за Хафингтон пост, пренесува дел од сведочењата во случајот во кои има детали од случајот:
"Абир, само 14 години, сама се соочи со тројца американски војници, војници кои беа со намера да ја силуваат, а четвртиот беше во близина. Како што сите сведочеа војниот Џеси Спилмен само стоел за време на нападот.
Висока и силна од работа во бавчата на своите родители, таа давала силен отпор, плачејќи, викајќи и борејќи се, додека тројцата мажи по ред ги ширеа нејзините нозе и влегуваа меѓу нив. Како што известува Брет Барокер од АП, Пол Кортез и Џејмс Бејкер сведочеле дена не успеале да имаат ерекција. Адвокатот на одбраната на Стивен Грин, кој се соочува со смртна казна, прашуваше дали неговиот клиент пенетрирал. За Абир која со целата своја сила се бори за да ги сопре, овие факти би биле многу важни.
Но тоа не ги прави овие напади ништо помалку гнасни. По ова, Грин става перница на нејзиното лице и ја застрелува во глава. Потопувајќи ја во смрдливи запаливи течности, тие ја потпалуваат а огнот го засилуваат со ќебиња фрлени врз нејзиното тело, оставајќи ја во куп јагленосани остатоци."
По силувањето и убиството, тие го палат долниот дел од телото на Абир, меѓутоа огнот се шири и ја зафаќа целата куќа. Чадот ги алармира соседите кои го викаат вујкото на Абир. Вујкото заедно со сопругата влегуваат во куќата и ја гледаат сцената, по што одат на контролната точка чувана од ирачките војници за да ги известат за убиството.
Ирачките војници по истражување на сцената, целата работа ја пријавуваат на американска контролна точка, која е контролирана од друга група американски војници, а не од извршителите. По еден час неколку американски војници од оваа контрола одат кон куќата, придружувани најмалку од еден од извршителите.
Грин и останатите војници кои се соучесници во маскарот инстантно прават алиби за себе објаснувајќи им на ирачките војници дека нападот е извршен од сунитски бунтовници. Ирачките војници ова го пренесуваат на вујкото, кој веќе ги има видено телата. Заради ова целиот случај се заташкува и не се води како воено злосторство, ниту пак добива некое посебно внимание од медиумите.
На 16 јуни, контролната точка чувана од војници од 502-от пешадиски полк е нападната и освоена од ирачки бунтовници. При ова убиен е еден војник, а двајца се заробени, измачувани и убиени.
Кога слуша за инцидентот, наредникот Ентони Ирибе, шестиот војник кој на 12 март останува на контролната точка, му се доверува на војникот Џастин Вот дека Грин е убиец. На 22-ри јуни, Вот за време на психолошки преглед открива за убиствата и силувањето. Вот намерно бара да разговара со советник за ментално здравје, бидејќи на тој начин може да ја пренесе информацијата без притоа да треба да оди преку скептичната командна структура за да може да стигне до армиските истражувачи.
Во тоа време, Грин повеќе од еден месец е отпуштен од војска, а целиот случај го превзема ФБИ кои на 30 јуни 2006 го апсат Грин, под обвинение за силување и убиство на Абир Касим Хамза ал-Џанаби, убиство на нејзината 6-годишна сестра Хадил, нејзиниот татко Касим Хамза Рашид, и нејзината мајка Фахрија Таха Мухасен. На 10 јули за истите дела обвинети се уште четворица други активни американски војници. Шестиот, Ирибе, е обвинет за тоа што не го пријавил нападот, но не и за учество во него.