Деталите околу тоа како ќе се изведе повлекувањето се уште се разработуваат од американските власти, а во тимот е и првиот човек на Агенцијата за заштита на животната средина. Тие разгледуваат дали да започнат целосно, формално повлекување - што би траело околу 3 години - или да го напуштат главниот договор за климатски промени на О.Н. што автоматски значи и напуштање на Парискиот договор. Второво би било побрзо за изведување, ама и поекстремно.
Пресудно во повлекувањето од договорот, беше писмо од 22 републикански сенатори кои повикаа на јасно и чисто напуштање. Според изворите запознаени со темата, ова ја засилило намерата на Трамп излегување од договорот чија главна цел беше намалување на загадувањето.
Ова е најголемиот потег што Трамп може да го направи за да ја растури климатската оставштина на Обама. И "испраќа воинствени сигнали до остатокот од светот дека за САД климатските промени не се приоритет, што е закана за крајната цел на Парискиот договор."
До сега само две други земји не дадоа поддршка за договорот: Никарагва и Сирија.